Добродојдовте на почетокот на Вашата возбудлива нова авантура со Land Rover. Тука ќе се погрижиме да се поврзете со битните карактеристики и функции на Вашето плаг-ин хибридно возило (PHEV), како Вашиот систем за информации и забава и апликациите за далечинско управување преку паметен телефон1.
Со нашите апликации Land Rover Remote и Land Rover iGuide добивате моментален пристап до главните елементи за контрола и карактеристиките на Вашето возило секогаш кога Ви требаат.
1Само компатибилни паметни телефони. Предмет на достапност на пазарот на платформи од провајдери од трети страни и сигнал на мобилен телефон.
Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.
iGuide е трговска марка на Apple Inc. IOS е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc.
Android е трговска марка на Google LLC.