Елегантни линии. Смели контури. Префинети завршни обработки.
„Засолниште со волан“
Благосостојба за космополитот. Сѐ што Ви треба е на дофат на раката.
Потврдена автономија во режим на струја и до 63 km.† Брзо DC полнење од 0 до 80 проценти за само 30 минути.
Нашите експерти за дизајн ја креираа оваа колекција за да ја поттикнат Вашата креативност. Изберете и нарачајте, или искористете ги како инспирација за да го скроите својот дизајн.
Изберете еден од три уникатни модели, а потоа направете го Ваш.
†Погледнете ги WLTP вредностите.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
‡Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.
Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.
Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.