ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ПАРИЗ
ДИЗАЈН СО АЛУМИНИУМ
Land Rover создаде револуционерен начин за изработка на возила од алуминиум - начин на којшто се создава шасија што е со значително помала тежина, појака и покрута од соодветната шасија од челик. Алуминиумот го прави возилото одлично за друмско возење, а крутоста обезбедува водечка во класата способност за теренско возење.
Во Land Rover развиваат нова палета на 4-цилиндрични бензински мотори*, со моќност до 300PS. Овие бензински мотори ќе понудат потрошувачка на гориво што е за 15% помала во однос на моторите од претходната генерација, додека новиот 4-цилиндричен дизел мотор со двоен турбо полнач ќе располага со извонредни перформанси, моќност од 240PS и вртежен момент од 500Nm.
*Достапноста на бензинските мотори Ingenium ќе биде предмет на дополнителна најава.
Возилата на Land Rover имаат пакет од напредни технологии што ќе ви помогнат при патувањето. Во иднина, нашите возила ќе понудат уште поголеми придобивки во однос на безбедноста, удобноста и комфорот. Ова ќе биде изводливо затоа што нашата најсовремена технологија ќе му овозможи на возилото да гледа уште повеќе.
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НА САЕМОТ ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ФРАНКФУРТ
ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НА LAND ROVER
Лабораторијата за иновации ги оживува иновациите што ги нуди Land Rover. Од перформанси и способност до системи за информации и забава, како и поврзливост.