LAND ROVER APPROVED ПОЛОВНИ ВОЗИЛА

Кога не можете да кажете дека е половно возило, тогаш тоа е Land Rover Approved.

LAND ROVER APPROVED ВЕТУВАЊЕ КОН КУПУВАЧИТЕ

Секој автомобил на Land Rover се чувствува жив како на денот кога е креиран, без оглед дали е нов или е од програмата Approved. Можете да бидете сигурен дека Вашиот Land Rover од програмата Approved е автентичен, освежен и жив како на денот кога бил произведен. За да се гарантира дека излегува од салонот во исклучителна состојба, овозможено е Approved ветување кон клиентот. Ова Ви дава апсолутен мир и Ви гарантира дека Вашиот автомобил го нуди највозбудливото можно возење.

ДВЕ ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА СО НЕОГРАНИЧЕНА КИЛОМЕТРАЖА СО ПРОГРАМАТА APPROVED НА LAND ROVER

Создадена специјално за возила Land Rover кои не се постари од пет години и со поминати помалку од 100.000 километри во моментот на купувањето. Поправките ги вршат исклучиво обучени техничари на Land Rover, користејќи само оригинални резервни делови, одобрени алати и опрема за дијагностика. Ништо помалку. Не постои ограничување на бројот на поднесени барања, до висината на продажната цена на возилото, а гаранцијата покрива две години без оглед на поминатата километража. Оваа гаранција се дава само преку овластен продавач на Land Rover.
24/7 ПОМОШ НА ПАТ ЗА ИРСКА И ЕВРОПА ВО ТРАЕЊЕ ОД 24 МЕСЕЦИ

Програмата Land Rover Assistance е создадена за да имате целосен мир и, доколку некогаш треба да ја користите, да добиете навистина беспрекорна услуга. Оваа програма ги покрива сите ризици, од дефект или незгода до полесни итни ситуации, како што се дупнат пневматик или изгубени клучеви. Вашето возило ќе биде покриено во текот на целиот гарантен период и можете да сметате на него 24 часа на ден, секој ден во годината. И можете да бидете мирни, бидејќи доколку Ви е потребна помош при дефект на возилото во близина на домот, помош за изнајмување возило за да го продолжите патувањето, за враќање на поправеното возило или за сместување, сето тоа е вклучено.
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД СО 165 ТОЧКИ ЗА ПРОВЕРКА

Имаме контролна листа од 165 точки за проверка на која мораме строго да се придржуваме. Тоа гарантира дека електриката и механиката на Вашиот автомобил се во најдобрата можна состојба, а неговата каросерија е беспрекорна. Користејќи ги најновите технологии, алати и опрема за дијагностика нашите техничари се крајно ригорозни при извршувањето на овие проверки. Проверка на бојата, внатрешноста, целосна подготовка на моторот, друмско тест возење и завршна проверка се секогаш дел од техничкиот преглед пред автомобилот да добие потврда со личен потпис на еден од нашите техничари за Land Rover. Сите автомобили мораат да ги поминат сите 165 проверки за да станат Land Rover Approved.
НАШИТЕ ТЕХНИЧАРИ

НАШИТЕ ТЕХНИЧАРИ

Малкумина можат да го достигнат нивото на професионализам, вештини и внимание кон деталите што ги очекуваме. Сите поправки и реновирања ќе бидат извршени од обучени техничари на Land Rover со помош на специјални алати, опрема за дијагностика и оригинални делови на Land Rover. Ние секогаш работиме според најстрогите стандарди, затоа само нашите овластени продавачи од програмата Approved би требало да ја извршуваат оваа работа.
НЕЗАВИСНА ПРОВЕРКА НА КИЛОМЕТРАЖА И ИСТОРИЈА

Историјата на секој автомобил се проверува темелно со помош на водечко независно истражување на пазарот. Сите автомобили доаѓаат со независно потврдена километража и заверена историја на сопственост, за да се гарантира дека нема неисполнети финансиски обврски за автомобилот и дека не бил украден или отпишан. Тоа гарантира дека ќе заминете безбедно, со сигурност дека Вашиот нов Land Rover од програмата Approved има целосна историја и ги исполнува Вашите очекувања.
ДРУМСКО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

ДРУМСКО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ

Секој автомобил оди на друмско тест возење каде што нашите техничари ги оценуваат карактеристиките на уникатните перформанси на секој автомобил. На пример, се набљудуваат потпирањето, вибрациите, системите за кочење, перформансите на моторот, трансмисијата и девет други специфични области за да се осигураат врвни перформанси. Накратко, тоа значи дека Вашиот Land Rover од програмата Approved се чувствува жив како и нов Land Rover.
НЕЗАВИСНА ПРОВЕРКА

НЕЗАВИСНА ПРОВЕРКА

За да ги одржиме високите стандарди на работа, ги подложуваме на независна проверка сопствените услуги, објекти и тимови, како и оние на нашите застапници. Ова ги вклучува сите аспекти на програмата Approved од перспектива на клиентот, од објектите до самите возила.

LAND ROVER APPROVED

Програмата Land Rover Approved е создадена за да ви го овозможи истото ниво на квалитет, услуга и корисничко задоволство кое би го добиле при купувањето на нов автомобил.