Издвојте се од останатите или претопете се со природата преку нашата понуда на бои.
Не се прикажани сите опции
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛАТА
И за друмско и за теренско возење, разгледајте ги и изберете некои од понудените тркала, од 19 до 22 инчи.
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ
Бидете во контакт со околината со фиксен или лизгачки панорамски покрив. Или, истакнете се со покривот во црната контрастна боја Narvik.
ДОДАТОЦИ
Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Discovery уште повеќе со понудените додатоци за надворешноста и внатрешноста.
ЗА СЕМЕЈСТВОТО
Качете се за Вашата следна авантура со фиксни странични скали или со странични скали на отворање. Вашите сопатници нека уживаат во забавните содржини со Click and Go опремата за задните седишта.
Без оглед каде одите, одржувајте го Вашиот Discovery во совршена состојба со помош на бројните додатоци за заштита како што се гумените подни простирки во кабината, калниците и беспрекорно интегрираната камера во инструмент таблата.
Бидете сигурен дека Вашето милениче е безбедно и се чувствува комфорно на секое патување, а во исто време ја заштитувате внатрешноста на Вашиот Discovery.