Discovery sport стои на станица за полнење на Phev

ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА СТРУЈА СО DISCOVERY

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНА АВАНТУРА СО DISCOVERY

Со децении, Discovery го трасира патот за семејни авантури.


Денес, електричната енергија ги унапредува најсестраните SUV возила во светот со унапредено ниво на префинетост, чувствителност и перформанси. Истражете ги нашите делумно хибридни возила и електрични хибридни возила на Discovery Sport.

ЕЛЕКТРИЧНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО (PHEV)

ЕЛЕКТРИЧНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО (PHEV)

Eлектричниот хибриден Discovery Sport користи електромотор, што се напојува од батерија, со бензински мотор. Може да се полни дома или преку широката мрежа на јавни станици за полнење и да се вози и во целосно електричен ЕВ режим или во хибриден режим.
ДЕЛУМНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО (MHEV)

ДЕЛУМНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО (MHEV)

Нашите бензинските и дизелските мотори работат во хармонија со електромотор. Регенеративното кочење ја фаќа и ја претворува енергијата што се создава при намалување на брзината и кочење за да ја оптимизира автономијата на батеријата без да се појави потреба од приклучување за полнење.

ВОЗЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИДЕН DISCOVERY SPORT

Искусете робустна моќност и подобрена ефикасност.

ЕВ РЕЖИМ

Совршен за секојдневни релации низ градските улици или за кратки патувања. Изберете ЕВ режим и уживајте во речиси бесшумно доживување во возењето со нулта емисија на издувни гасови.

ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИДЕН DISCOVERY SPORT

Discovery sport стои на станица за полнење на Phev

ДОМА И НА ПАТ

Полнете од удобноста на Вашиот дом со домашна приклучница или домашен полнач. Едноставно за приклучување како и со Вашиот телефон, ова е најпогодниот и често најевтиниот начин за полнење. Додека сте на пат, ја користите брзорастечката мрежа на јавни станици за полнење и брзото полнење со еднонасочна DC струја.
ИЗБРАНИ СНАБДУВАЧИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

ИЗБРАНИ СНАБДУВАЧИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Професионално вграден домашен полнач е најбрзиот начин за полнење во домашни услови. Пред да го купите Вашиот Discovery, нашите избрани снабдувачи за полнење во домашни услови ќе Ви помогнат да проверите дали Вашиот имот е погоден за вградување.

DISCOVERY SPORT ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

За Вашата следна авантура.

АВТОНОМИЈА СПОРЕД WLTP (ДО)

60KM††

АВТОНОМИЈА ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ (ДО)

45KM††

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)

2ЧАСОВИ 12 МИНУТИ
полнење со наизменична струја AC со моќност од 7kW од 0-100 проценти.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНА СТАНИЦА (ОД)

30 МИНУТИ
брзо полнење со еднонасочна струја DC со моќност од 50kW од 10-80 проценти.
Паркиран Discovery Sport на станица за полнење на phev

CO2 ЕМИСИЈА

34G/KM††

BIK ДАНОЧНА СТАПКА

12%*
Discovery на теренско возење низ шума

ВОЗЕЊЕ НА ДЕЛУМНО ХИБРИДЕН DISCOVERY

Подобрена ефикасност преку паметна технологија за хибрид.

Discovery се спушта по автопат

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Системот за регенеративно кочење ја собира и ја претворува енергијата што се создава при намалување на брзината и при кочење за да ја оптимизира автономијата на батеријата.

СЕСТРАНА СПОСОБНОСТ

Discovery Sport влече караван

ВЛЕЧЕЊЕ

Ваш совршен партнер за влечење, развива унапреден вртежен момент за беспрекорно транспортирање. Влечете дури до 1.600 kg со електричниот хибриден Discovery Sport или, ако Ви треба поголема моќност, дури до 3.500 kg со делумниот хибрид Discovery1.
Discovery оди на пливање по теренско возење

МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Самоуверено справувајте се со секаков терен, со импресивен слободен простор под возилото и способност за минување низ вода. Електричен хибриден Discovery Sport има капацитет за минување низ вода со максимална длабочина до 600 cm, додека делумниот хибрид Discovery може да оди дури до 900 mm2.

1Влечењето и минувањето низ вода значително влијаат на автономијата на ЕВ.

2Секогаш проверувајте ги патеката и излезот пред да минувате низ вода. 


††Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги следните: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето. 


*BIK даночната стапка е точна на датумот на публикување. Предмет на владини одобрувања и ревизии.