РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

ПОГОН ШТО ОДГОВАРА НА ВАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Истражете ги режимите за возење што го префрлаат Вашиот Land Rover плаг-ин хибрид (PHEV) од струја на бензин со допир на копчето.

ХИБРИДЕН РЕЖИМ

ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Вашиот стандарден режим за возење автоматски избира помеѓу бензинскиот мотор и електромоторот за да обезбеди моќност и вртежен момент што се потребни за Вашето патување.
РЕЖИМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО (ЕВ)

РЕЖИМ ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО (ЕВ)

Режимот EВ се избира рачно преку копче на Вашата конзола и го максимира времето што го минувате со погон на струја. Системот автоматски ќе го вклучи бензинскиот мотор ако е потребна поголема моќност од таа што е достапна само преку електромоторот.

ОПТИМИЗИРАЊЕ НА ВАШАТА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Кога сте во стандардниот режим за возење (Хибрид) можете да ја оптимизирате потрошувачката на гориво или енергетското ниво на батеријата преку користење на една од двете алтернативни функции за управување со енергетското ниво:

ФУНКЦИЈА ЗА ЗАШТЕДА (SAVE)

ФУНКЦИЈА ЗА ЗАШТЕДА (SAVE)

Функцијата за заштеда Save се избира рачно преку екранот на допир на возилото и не дозволува енергетското ниво на батеријата да падне под нивото што сте го избрале. Кај одредени модели оваа функција овозможува батеријата да се полни и во движење. Ова Ви овозможува тивко патување со нулта емисија на издувни гасови подоцна во текот на патувањето.
ФУНКЦИЈА ПРЕДВИДУВАЧКА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА (PEO)

ФУНКЦИЈА ПРЕДВИДУВАЧКА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА (PEO)

Функцијата PEO автоматски ќе се вклучи кога ќе се внесе дестинација во системот за навигација на возилото. Оваа функција ги користи географските податоци за да го предвиди патот што претстои и интелигентно префрлува помеѓу електромоторот и бензинскиот мотор за да се минимизира потрошувачката на гориво во текот на патувањето. На овој начин се минимизира и емисијата на издувни гасови во населени места.

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Без оглед во кој режим возите штом ќе го подигнете стапалото од педалот за гас во Вашето PHEV, интелигентниот систем за регенеративно кочење комфорно ја намалува брзината на возилото додека ја претворува енергијата што се генерира за да се оптимизира автономијата на батеријата. Со активирање на кочењето се зголемува количината на собраната енергија.
РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА ЗА PHEV

ПОЛНЕЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

ПОЛНЕЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

Дознајте ги едноставните чекори за полнење на Вашето возило во домашни услови или на Вашата следна дестинација.
НАГОДУВАЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

НАГОДУВАЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

За да го извлечете најдоброто од главните функции и карактеристики на Вашето возило прво треба да се поврзете со Вашиот систем за информации и забава и да ги нагодите елементите за контрола на Вашиот паметен1 телефон.

1Само компатибилни паметни телефони. Предмет на достапност на пазарот на платформи од провајдери од трети страни и сигнал на мобилен телефон.