ОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ

СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ПОЧИТУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО КОИШТО РАБОТИМЕ СЕ ОД КРИТИЧНА ВАЖНОСТ ЗА УСПЕШНА ИДНИНА
Посветени сме на одговорен и одржлив развој на нашиот бизнис, така што можеме да ги зголемиме придобивките за нашите клиенти, компанијата и поширокото стопанство.
Д-Р РАЛФ СПЕТ
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, JAGUAR LAND ROVER

ВЛИЈАНИЕ НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

За да го намалиме вкупното влијание врз животната средина што го имаат нашите производи и активности користиме Проценка според животниот циклус за да ги поттикнеме идните истражувања и развој на производи.

НАМАЛУВАЊЕ НА НАШИОТ ЈАГЛЕРОДЕН ОТПЕЧАТОК

Постојано истражуваме нови начини за борба со нашиот јаглероден отпечаток бидејќи се стремиме кон намалување на емисиите во нашите производни активности за 30% до 2020 година.

ТРЕТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ КАКО ВРЕДЕН РЕСУРС

Намалување на отпадот потрошувачката на вода се наши приоритети. Сè повеќе сме свесни за вредноста на нашите ресурси и затоа бараме иновативни начини за нивно повторно користење или рециклирање.

СОЗДАВАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА 12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

Ги поддржуваме локалните и глобалните заедници со хуманитарни проекти, проекти за унапредување на здравството, образованието, дизајнот, проекти за технолошки развој, за откривање на таленти, проекти за развој и заштита на животната средина преку нашата програма 2020 Глобална корпоративна општествена одговорност.
НАШИОТ ПРИОД ЗАСНОВАН НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

НАШИОТ ПРИОД ЗАСНОВАН НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

Корисните забелешки од нашиот процес Проценка според животниот циклус ни помогнаа да ја создадеме најодржливата генерација на возила на Land Rover досега.
МАЛА ТЕЖИНА

МАЛА ТЕЖИНА

Со намалување на тежината на каросеријата и на деловите на возилото можеме нашите автомобили да ги направиме поефикасни и да нудат извонредни перформанси какви што од нив очекуваат нашите клиенти.
ПОГОЛЕМА УПОТРЕБА НА ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ

ПОГОЛЕМА УПОТРЕБА НА ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ

Како одговорна компанија си поставивме долгорочна цел за користење на одржливи материјали како што се природна гума, рециклиран алуминиум и рециклирана пластика.
НОВО ДИЗЕЛСКО, БЕНЗИНСКО ИЛИ PHEV ВОЗИЛО?

НОВО ДИЗЕЛСКО, БЕНЗИНСКО ИЛИ PHEV ВОЗИЛО?

Без оглед дали имате редовни тргни-застани релации низ градскиот метеж или подолги патувања на автопат, информирајте се и донесете одлука за вашето идно возило преку 5 кратки прашања.

НАШИТЕ ПАРТНЕРИ

ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE

ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE

Land Rover И Born Free работат заедно на заштитата на дивите животни и нивните живеалишта.
КРАЛСКОТО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО (СО IBG)

КРАЛСКОТО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО (СО IBG)

Land Rover го поддржува Кралското географско друштво (со IBG - институт на британските географи) веќе 25 години, финансирајќи активности за образование и експедиции, вклучувајќи ја програмата за стипендии Land Rover Bursary.