Течност за третман на дизел издувни гасови (DEF) позната и како AdBlue®, е течност којашто е неотровна, безбојна, незапаллива и нема вкус. Сместена е во посебно определен резервоар во вашето возило, таа се вбризгува во издувниот систем за да ги чисти издувните гасови. Технологијата за селективна каталитичка редукција (SCR) се вградува во сите дизел возила на Land Rover од модел годината 2016. Тоа овозможува Land Rover да го исполни EU6 стандардот за емисија на издувни гасови преку намалување на нивото на азотен оксид (NOx), до 90%, што се испушта низ издувниот систем. Освен катализатор од новата генерација, технологијата SCR бара и употреба на течност за третман на дизел издувни гасови (DEF).
Стандардот Euro 6 е дел од европското законодавство и е наменет за производство на еколошки поприфатливи возила преку ограничување на нивната емисија на издувни гасови. Законодавството поставува ограничувања за тоа колкаво количество азотни оксиди (NOx) и јагленоводороди може да испушта друмско возило по изминат километар.
Бензинските и дизел автомобилите се предмет на различни ограничувања според новиот стандард Euro 6. За дизел автомобилите, дозволеното ниво на емисија на NOx (азотни оксиди) се спушти на 80 mg/km (од 180 mg/km), додека дозволеното ниво на емисија на јагленоводороди се спушти на 170 mg/km (од 230 mg/km). Дозволеното ниво на емисија на NOx (азотни оксиди) за бензинските автомобили останува на 60 mg/km, додека дозволеното ниво на емисија на јагленоводороди останува на 100 mg/km.
Заедно со други производители на автомобили, Land Rover е законски обврзан да ги исполнува овие нови регулативи според следните рокови:
Од 1ви јануари 2015 година, сите новововедени возила мора да го исполнуваат стандардот Euro 6. Ова ги вклучува сите нови модели на пазарот, на пример: Discovery Sport. Возилата кои се веќе во продажба мора да го исполнат стандардот Euro 6 најдоцна до 1ви септември 2015 година, но;
Индивидуални возила кои се веќе во продажба а биле произведени и испорачани од производителот пред 1ви јуни 2015 година може да продолжат да се продаваат до 1ви семптември 2016 година. Меѓутоа, во овие случаи производителот мора да приложи барање за изземање.
За подетални информации во врска со AdBlue® ве молиме контактирајте го вашиот локален продавач на Land Rover или погледнете во вашиот Прирачник за сопственикот.
*Кога нивото на AdBlue® е ниско, во центарот за пораки се прикажува порака за известување. Дополнете го резервоарот за AdBlue® што е можно поскоро. Со локалниот продавач/овластен сервисер на Land Rover можете да договорите целосно дополнување на AdBlue® Ако треба, AdBlue® може да се дополни со помош на шишиња кои спречуваат протекување кои се достапни од вашиот локален продавач/овластен сервисер на Land Rover. Просечна потрошувачка на AdBlue® е 800km (500 miles) /1 литар. Меѓутоа, потрошувачката може многу да се разликува во зависност од вашиот стил на возење, временските прилики и условите на патот.
AdBlue® е регистриран заштитен знак на компанијата Verband der Automobilindustrie e. V. (VDA)