Defender паркиран на станица за полнење покрај патот

ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА СТРУЈА СО DEFENDER

ЛЕГЕНДАРНАТА СПОСОБНОСТ НА DEFENDER ПОВТОРНО СОЗДАДЕНА

Повеќе од седум децении Defender го предизвикува тоа што е возможно.


Денес, нашите најспособни SUV возила се унапредени со електричен погон. Истиот став „go anywhere“, со повисоко ниво на префинетост, чувствителност и перформанси.

Defender паркиран на станица за полнење

ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД (PHEV)

Нашиот електричен хибриден Defender користи електромотор, што се напојува од батерија, со бензински мотор. Може да се полни дома или преку широката мрежа на јавни станици за полнење и да се вози и во целосно електричен ЕВ режим или во хибриден режим.
Поглед од назад на Defender на пат

ДЕЛУМНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО (MHEV)

Нашите бензинските и дизелските мотори во Defender работат во хармонија со електромотор. Регенеративното кочење ја фаќа и ја претворува енергијата што се создава при намалување на брзината и кочење за да ја оптимизира автономијата на батеријата без да се појави потреба од приклучување за полнење.

ВОЗЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИДЕН DEFENDER

Искусете робустна моќност и подобрена ефикасност.

Defender во сивата боја Carprathian паркиран во град

ЕВ РЕЖИМ

Совршен за секојдневни релации низ градските улици или за кратки патувања. Изберете ЕВ режим и уживајте во речиси бесшумно доживување во возењето со нулта емисија на издувни гасови.

ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИДЕН DEFENDER

Човек го вметнува полначот во phev возило

ДОМА И НА ПАТ

Полнете од удобноста на Вашиот дом со домашна приклучница или домашен полнач. Едноставно за приклучување како и со Вашиот телефон, ова е најпогодниот и често најевтиниот начин за полнење. Додека сте на пат, ја користите брзорастечката мрежа на јавни станици за полнење и брзото полнење со еднонасочна DC струја.
Полнење на Defender во домашни услови

ИЗБРАНИ СНАБДУВАЧИ ЗА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Професионално вграден домашен полнач е најбрзиот начин за полнење во домашни услови. Пред да го купите Вашиот Defender, нашите избрани снабдувачи за полнење во домашни услови ќе Ви помогнат да проверите дали Вашиот имот е погоден за вградување.

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНА МОЌНОСТ

Избегнете компромис.

АВТОНОМИЈА СПОРЕД WLTP (ДО)

48KM††

АВТОНОМИЈА ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ (ДО)

39KM††

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)

2ЧАСОВИ 30 МИНУТИ
полнење со наизменична струја AC со моќност од 7kW од 0-100 проценти.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНА СТАНИЦА (ОД)

30МИНУТИ
брзо полнење со еднонасочна струја DC со моќност од 50kW од 10-80 проценти.
Defender паркиран на станица за полнење покрај патот

CO2 ЕМИСИЈА

60G/KM††

BIK ДАНОЧНА СТАПКА

12%*
Defender вози по планински пат

ВОЗЕЊЕ НА ДЕЛУМНО ХИБРИДЕН DEFENDER

Подобрена ефикасност преку паметна технологија за хибрид.

Defender паркиран на пат

РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ

Системот за регенеративно кочење ја собира и ја претворува енергијата што се создава при намалување на брзината и при кочење за да ја оптимизира автономијата на батеријата.

НЕПОКОЛЕБЛИВА СПОСОБНОСТ

Defender влече комбе за влечење

ВЛЕЧЕЊЕ

Исклучителните способности за влечење се во ДНК на Defender, сега добиваат погонска сила од нашите електрични мотори. Со електричниот хибрид можете да влечете сѐ дури до 3.000 kg1.
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Самоуверено справувајте се со секаков терен, со импресивен слободен простор под возилото и способност за минување низ вода. Нашите електрични хибридни Defender-и имаат капацитет за минување низ вода со максимална длабочина дури до 900 mm2.

1Влечењето и минувањето низ вода значително влијаат на автономијата на ЕВ.

2Секогаш проверувајте ги патеката и излезот пред да минувате низ вода. 


††Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги следните: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето. 

*BIK даночната стапка е точна на датумот на публикување. Предмет на владини одобрувања и ревизии.