ИНОВАЦИИ ШТО ГИ ПОМЕСТУВААТ ГРАНИЦИТЕ

Издигнете ги спортскиот став и динамичката способност на следното ниво.
Роден од незапирливиот нагон за исклучителност, Range Rover Sport SV е возбудлив, поинаков израз на иновација којашто ги поместува границите.

НАЈДИНАМИЧНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОТПИРАЊЕ НА RANGE ROVER

Поголема контрола врз Вашите SV перформанси.

Системот за потпирање 6D Dynamics ги заменува традиционалните стабилизатори за навалување со хидраулично коло и обезбедува исклучително ниво на потпирање при странично навалување и значително го намалува надолжното навалување при забрзување и кочење. Всушност, овој систем што е прв во светот го контролира навалувањето толку ефективно така што радијално забрзување од 1,1 g е достапно на вградените пневматици за сите сезони.

Резултатот е највозбудливиот Range Rover Sport досега.

Покрај заштедата во тежина од 8 kg во однос на традиционалниот систем со стабилизатори на навалувањето, потпирањето 6D Dynamics интелигентно реагира на различниот стил на возење - Ви дава бројни карактеристики за управување за да се приспособите на околината во којашто возите.

Новиот режим SV Mode вклучува уникатно калибрирање за крутост на странично навалување, крутост на надолжно навалување, придушување како и спуштање на автомобилот за дополнителни 15 mm за да ја гарантира врвната динамика на возење.

А бидејќи возилото стои порамно и тежината е порамномерно распределена, повеќе сила за кочење се канализира до задните кочници за да се подобрат перформансите на кочењето.

Ова е врвниот комфор при возењето и способност што ги очекувате од Range Rover, со намалено навалување и крутост што ги очекувате од спортски автомобил.

ПРВИТЕ КАРБОНСКИ ТРКАЛА ОД 23“

Сериозна заштеда во тежина, значајна јакост и крутост. Карактеристиките што ги поместуваат границите на динамиката на возењето се дел од SV карбонското тркало од 23“. Создадено по тригодишен развој и тестирање, ова тркало го претставува непоколебливиот фокус кон исклучителното.

Тркалото се одликува со иновативен дизајн со пет двојни краци - изводливо со комплексно нанесување на слоевите од карбонски влакна. Комплетот од тркала нуди заштеда во тежината од 21 kg во споредба со кованите алуминиумски тркала. Поголемо забрзување, унапредено намалување на брзината, помала потрошувачка на гориво.


Врвната јакост и крутост што се добиваат со иновативната структура од карбонски композит и процес на обликување исто така значат и поголема стабилност при управувањето. Тркалото е тоа што ги поместува границите на динамиката на возење и го збогатува уживањето на возачот при друмско и теренско возење.



ВРВНА КОНТРОЛА НА ПНЕВМАТИЦИТЕ

Range Rover Sport SV е првиот Range Rover во историјата што има различна поставка на тркалата, напред 285 mm, а назад 305 mm, за да обезбеди дополнителна тракција и контрола.

КАРБОНСКО-КЕРАМИЧКИ КОЧНИЦИ.
ПРВИ ВО RANGE ROVER.

Range Rover Sport SV има уникатен систем за кочење со интегриран засилувач на моќноста (IPB). Системот обезбедува исклучителни перформанси на кочење и е развиен во соработка со компанијата Brembo, водечка во светот во технологијата за кочници.


Овој систем за кочење со високи перформанси е дизајниран да биде поотпорен на високи температури и да има врвна распределба на притисокот и постигнува извонредни резултати за сила на кочење, поголема отпорност на губење на силата на кочење и помало абење. Системот е калибриран од тимот на SV за да се почувствува педалот со најбрза реакција во Range Rover досега.

Користејќи го искуството од примената на технологија од Формула 1, дисковите од 440 mm се најголемите што се вградени во возило од сериско производство.


Керамичкиот материјал со мала тежина на секоја кочница гарантира голема механичка јакост и издржливост, зајакнат е со карбонски влакна и има дополнителен керамички слој за триење на двете површини на дискот. Тежината на непотпрената маса е значително намалена, за 34 kg на сите четири агли на возилото.

Дури и со интензивната топлина што се создава при енергичното возење по тест патека - тестирање со два или повеќе пати зголемени барања на стандардот за авто-мото спорт AMS - уникатниот вкрстен распоред со осум клипови развива оптимизирана циркулација на притисокот врз плочките, а отпорноста на губење на силата на кочење е подобра од отпорноста кај многу спортски автомобили.


НАЈМОЌНИОТ RANGE ROVER ДОСЕГА.

Искусете ги ексклузивните SV перформанси.


4.4-литарскиот V8 MHEV бензински мотор на Range Rover Sport SV развива живи тркачки перформанси со моќност од 635 PS, вртежен момент од 800 Nm и забрзување од 0-60 mph за 3,6 секунди*.

Потпомогнат од паралелни турбо полначи со две гранки за да се добие моќност со брза реакција и големо забрзување во целото подрачје на бројот на вртежи, Range Rover Sport SV гарантира подобрени карактеристики на возење, поголема максимална моќност и ефикасност во споредба со претходниот V8 Range Rover.

Секој цилиндер се карактеризира со спреј технологија за цилиндер - ги заменува класичните челични кошулки за цилиндерот со екстремно тенок металуршки нанесен слој. Тоа ги намалува тежината и триењето, а се подобруваат преносот на топлина и термичката ефикасност. Системот Valvetronic за променливо подигнување на вшмукувачките вентили и двојниот систем за движење на вентилите VANOS ја унапредуваат работата на брегастото вратило за да се добијат оптимални перформанси на согорувањето.

Во режимот Динамично тргнување, системот MHEV ги зголемува перформансите со помош на електрониката за да му обезбеди на возилото забрзување со најсилна реакција.

Range Rover SV звучи добро како и што се вози. Активниот издувен систем се карактеризира со двостепени електронски контролирани вентили за да се добие решително, модулирано пулсирање при мал гас.

Кога ќе се активира режимот SV Mode, се менува поставката на мапирањето и тоа се ориентира кон перформансите - им овозможува на издувните вентили почесто да бидат отворени и да останат отворени. Со зголемен број на вртежи на моторот и поголемо, поодржливо струење на воздухот, остриот карактер на SV ечи со полн сценски ефект.

НАЈДОБРОТО ОД ТРИДИМЕНЗИОНАЛНИОТ ЗВУК

Физички почувствувајте го струењето на Вашата музика. Со конкретни звучници што имаат многу пошироко подрачје од традиционалните звучници, предните седишта SV BASS (Body and Soul Seat) со платформата SUBPAC™ го преобразуваат звукот во длабок тридимензионален и физички нијансиран бас.

Вибротактилната технологија SUBPAC™ ја користат професионални музички продуценти и дизајнери на звук во целиот свет. Оваа технологија го комбинира софтверот за оптимизација со вештачката интелигенција ВИ со два хаптик засилувачи и четири вградени конвертори.

Ја унапредува работата на аудио системот Meridian Signature со 29 звучници. Тоа е комплетна револуција во аудио системите за автомобил и радикална промена во Вашето доживување на музиката.

Со шест Wellness режими, од „смирување“ до „стимулирање“, биометричкото тестирање покажа дека патниците имаат видливи придобивки од седиштата Body and Soul, вклучувајќи намален стрес и подобрена концентрација.

SV седиштата Body and Soul имаат интуитивни безбедносни знаци за тревога и нудат најдлабоко, лично медиумско доживување на секое патување.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

RANGE ROVER SPORT SV EDITION TWO

RANGE ROVER SPORT SV EDITION TWO

Волшебен, динамичен, самоуверен.
SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

Ненадминат луксуз. Неспоредливи перформанси.
МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

Најновата колекција.

*Вртежен момент до 800 Nm и забрзување 0-100 за 3,6 секунди кога се користи комбиниран погон од мотор и MHEV, режим за динамично тргнување, карбонски тркала и кочници.