ИСТРАЖЕТЕ
DEFENDER 130

ИСТРАЖЕТЕ<br>
DEFENDER 130

ДИЗАЈН СО ИНТЕГРИТЕТ

Defender L663 130 25MY
КЛИКНЕТЕ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

БОГАТ ДИЗАЈН

Издигната хауба, извајана украсна маска и прецизни детали. Редуктивни површини ги збогатуваат модерните и привлечни пропорции на Defender.

ИЗВОНРЕДНО ПРОСТРАН

Трите реда на седишта нудат простор за дури осум возрасни лица и доволно простор за багаж. Соборете ги третиот и вториот ред за да создадете дополнителни 1.232 литри* и 2.516 литри* багажен простор соодветно.

КОМФОР И СПОСОБНОСТ

ПРЕФИНЕТО ДРУМСКО ВОЗЕЊЕ

Воздушното потпирање и системот Приспособлива динамика на Defender 130 постојано работат за да се приспособат на квалитетот на патот и да го дотераат зафатот на тркалата со подлогата и да се добие пријатно возење.

DEFENDER 130 OUTBOUND

Уште порешителен изглед и багажен простор за заедничка авантура.

САМОУВЕРЕН

Покрај капакот на резервното тркало во боја на каросеријата, Defender 130 Outbond има робустна препознатлива табла што го крие багажниот простор.

ИЗДРЖЛИВОСТ ШТО Е ВОДЕЧКА ВО КЛАСАТА

ТЕСТИРАН ДО ЕКСТРЕМИ

Defender беше проектиран и тестиран до екстреми низ целиот свет, со повеќе од 73.000 проби на пат од над 3,9 милиони километри, од Црвената дина во Дубаи до пустината Моаб во Невада и на север до поларниот круг.

ФОКУСИРАНА ТЕХНОЛОГИЈА

PIVI PRO ОД СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Останете поврзани со наградуваниот систем за информации и забава Pivi Pro1, којшто има централен екран на допир од 11.4 инчи што ги става интуитивните контроли на дофат на раката.
ТРИДИМЕНЗИОНАЛЕН ЗВУК

ТРИДИМЕНЗИОНАЛЕН ЗВУК

Доживејте го звукот како во концертна хала со аудио системот со моќност од 700W, MeridianTM Surround со опкружувачки звук што емитира кристално чисти високи тонови и богат бас звук.
ПОВРЗАНА ПОГОДНОСТ

ПОВРЗАНА ПОГОДНОСТ

Пристапете до Amazon Alexa и Spotify преку пакетот Online5, со ажурирањата со помош на технологијата software-over-the-air (SOTA) што се грижи Вашето возило секогаш да биде во тек.
РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Дури и кога на сите три реда има патници во возилото, сликата во живо од ретровизорот ClearSight Ви гарантира дека секогаш ќе имате непречен поглед.6
КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

Поставите ги температурата и интензитетот на воздушно струење како што Ви одговара, со независни елементи за контрола на сите три реда на седишта.

МОЌНИ ПЕРФОРМАНСИ

DEFENDER 130 V8

Прифатете ја реалната моќност. 500HP V8 моторот со суперполнач е најбрзиот и најмоќниот мотор што е достапен за Defender 130. Овој мотор Ве носи од 0 до 60 mph за само 5,4  секунди (од 0 до 100 km/h за 5,7 секунди) додека уникатната програма Dynamic на системот Теренска реакција нуди извонредна подвижност.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

СПЕЦИФИКАЦИИ

ПАТНИЦИ (ДО)

8

Со три фиксни реда на седишта.

ВОЛУМЕН НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР*

2,516 ЛИТРИ

Се симулира полнење на багажниот простор со течност.

0-100 KM/H

5,4 СЕКУНДИ

0-100 km/h за 5,7 секунди.

СЛОБОДЕН ПРОСТОР ПОД ВОЗИЛОТО

290 MM

Максимална висина за теренско возење.

ЦЕЛОСНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

НЕОГРАНИЧЕНИ МОЖНОСТИ

Од опции за надворешноста до претходно конфигурирани пакети со додатоци, опремете го Вашиот Defender 130 за да одговара на Вашиот животен стил.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ја целата серија на модели и спецификации.
DEFENDER 90 ПРЕГЛЕД

DEFENDER 90 ПРЕГЛЕД

Defender во својата најчиста форма.
DEFENDER 110 ПРЕГЛЕД

DEFENDER 110 ПРЕГЛЕД

Спакувајте се, заминете некаде.
DEFENDER 130 ПРЕГЛЕД

DEFENDER 130 ПРЕГЛЕД

Простор за заеднички епски авантури.

*Воден волумен: Волуменот се мери со симулација на полнење на багажниот простор со течност.

Максималната брзина е 191 km/h (119 mph) кога се вградени тркала од 20 инчи.

1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
2Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината.
3Може да се применува политика за фер користење. Стандардна претплата од 1 година, што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
4Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.