ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА RANGE ROVER VELAR

Персонализирајте го Вашиот Range Rover Velar со бројните опции и додатоци што ја збогатуваат неговата впечатлива појава и релаксирачка внатрешност.



ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Нашите пакети комбинираат опции коишто се надополнуваат една со друга и со нив можете уште поедноставно да го унапредите и персонализирате дизајнот или доживувањето во возењето на Вашиот Range Rover Velar.

Velar монтажа

ПАКЕТ DRIVER ASSIST

Врвна удобност во возењето:
– Помош за мртов агол1
– Набљудување на сообраќајот зад Вас
– Приспособлива контрола на патната брзина со помош за управување
– Набљудување за спречување судар одзади

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Оптимизиран за ладни временски услови:
– Греење на ветробранското стакло
– Прскалки за фаровите
– Предни седишта со греење или предни седишта со греење и ладење
– Задни седишта со греење
– Греење на воланот
– Млазници на прскалките со греење

ПАКЕТ TOWING

Влечењето е едноставно:
– Напреден систем за помош при влечење
– Кука за влечење со електрично отворање

ОПЦИИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Понудените фасцинантни опции за бои, тркала и изведби на покривот ќе Ви помогнат да го скроите Вашиот Range Rover Velar.

НЕМЕТАЛИК БОЈА

Бела неметалик боја. Смел, елегантен изглед.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

Range Rover Velar е префинет уште од основата. Бројни стилски изведби и завршни обработки за тркалата даваат робустни пропорции и престижен став.
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Фиксниот и лизгачкиот панорамски покрив ја исполнуваат внатрешноста на Range Rover Velar со природна светлина, ја разведруваат кабината за да се зајакне чувството за простор.

ДОДАТОЦИ

Опсежна колекција на додатоци што се посебно дизајнирани да го направат Вашиот живот поедноставен, од практични решенија за складирање до производи погодни за миленичиња.

Жена симнува додатоци од покривот на Range Rover Velar
Лондонската колекција од Range Rover
Готови делови и елегантни додатоци, инспирирани од нашата филозофија за модернистички дизајн.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

Елегантен модерен премиум SUV

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

Споредете ги сите наши модели еден до друг.
Поглед од страна на Range Rover Velar

ИСТРАЖЕТЕ ГО RANGE ROVER VELAR

Катче за релаксација со префинетост на Range Rover.

1Системот Помош за мртов агол може да помогне да се спречат судари. Ако Вашето возило забележи друг автомобил во Вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш воланот автоматски се врти - укажува дека треба да направите корекција со воланот.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.