ИСТРАЖЕТЕ

DISCOVERY SPORT
<h3><b>ИСТРАЖЕТЕ</h3> DISCOVERY SPORT

СЕСТРАНОСТ ВГРАДЕНА ВО ДИЗАЈНОТ

ПРОСТРАНИ СЕДИШТА

Со опција до 7 седишта и најголемиот отворен простор за складирање во предна конзола во својата класа 1, целото семејство може да истражува со стил и во комфор.

ПОНЕСЕТЕ СÈ

Пронајдете простор за кровни кутии, велосипеди и друга опрема, со носивост на покривот при динамичко оптоварување од 75 kg.

БЕСПРЕКОРНА ПОВРЗЛИВОСТ

Никогаш повеќе не останувајте со празна батерија со помош на приклучница USB-C што се поставени во секој ред и со поголема моќност за побрзо полнење.

ЗА ВАШАТА СЛЕДНА АВАНТУРА

FOR YOUR NEXT ADVENTURE

СМЕЛ ДИЗАЈН

Праговите во црна сјајна боја и украсната маска во црна сјајна боја со шестаголник како препознатлив мотив на Discovery се надополнети со долни заштитни плочи во боја на каросеријата и натпис Discovery во црната сјајна боја Narvik на хаубата.

ДИНАМИЧНА ПОЈАВА

Јасно се гледа ДНК на Discovery, решителен став, издигната странична линија и уникатен заден носач на покривот. Тркала од легура со димензија 21 и 19 инчи достапни со завршна обработка во црна сјајна боја или завршна обработка со дијамант.

ВПЕЧАТЛИВА БОЈА

Discovery Sport Dynamic има капачиња на окцата за влечење со завршна обработка што одговара на бојата на каросеријата, со прагови во црна сјајна боја за да се истакне неговата самоуверена, модерна појава.

ИНТУИТИВНИ КОНТРОЛИ

Комфорно контролирајте го секој аспект на Вашето возење преку новиот лебдечки заоблен екран на допир од 11,4 инчи на Pivi Pro2 . Новата рачка на менувачот нуди едноставна и конкретна контрола.

ГАРАНТИРАН КОМФОР

Бидете сигурен дека секој седи комфорно преку богатата понуда на материјали меѓу коишто се вештачката кожа Luxtec или антилоп материјалот. Двослојната кожа или кожата Windsor се достапни во разни бои.

ШИРОК ВИДИК

Исполнете го Вашиот Discovery Sport со природна светлина преку опционалниот панорамски стаклен покрив и уживајте во поубав видик од секое седиште.

ИНТУИТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

ЦЕЛОСНО ПОВРЗАНИ

Секоја семејна авантура започнете ја со известувањата од Pivi Pro2 системот за информации и забава. До 90 проценти од задачите можете да пристапите со два допира на новиот лебдечки заоблен екран на допир од 11,4 инчи.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

Целосно интерактивниот дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција е дизајниран да ги прикаже информациите за возилото, од системот за навигација и за возењето во ниво на погледот на возачот. Со Head-up дисплејот можете главните информации да ги прикажете на ветробранското стакло. 4.

СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Со најсофистицираните технологии за квалитет на воздухот во внатрешноста во својата класа1, Напредниот систем за прочистување на воздухот во кабината на Discovery Sport го филтрира и прочистува воздухот во кабината од прашина и микроби, а во исто време и го набљудува нивото на CO2 со што придонесува за здравјето на Вашето семејство.

ПОВРЗАНА ПОГОДНОСТ

Беспрекорна поврзливост за целото семејство со Amazon Alexa, Cloud Connectivity и Apple CarPlay®7 и опцијата на Wi-Fi хот-спот со функцијата План за податоци. Комуницирајте со Вашето возило далечински со апликацијата Land Rover Remote Skill8.

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Уредот за безжично полнење3 и поврзување овозможува да полните компатибилни паметни телефони и го минимизира нередот во кабината.

УНАПРЕДЕНА ЕФИКАСНОСТ

ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

Поминете над 90 проценти од просечните дневни патувања само во режимот за електрично возило EV9. Плаг-ин електричниот хибрид (PHEV) нуди целосно електрично возење со нулта емисија на издувни гасови и може да се наполни од 0 до 80 проценти за околу 30 минути со брзо полнење со еднонасочна струја DC.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ХИБРИД

АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

61 KM**

Очекувана автономија во реални услови до 47km.

CO2 ЕМИСИЈА (ОД)

33 G/KM**

Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ (ОД)

30 МИНУТИ

Полнење од 0 до 80 проценти за околу 30 минути преку брзо полнење со еднонасочна струја DC.

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)

2 ЧАСОВИ 12 МИНУТИ

До 100% со помош на домашен полнач на наизменична струја АС со моќност од 7 kW.

СПОСОБНОСТ БЕЗ СОМНЕНИЕ

CONFIDENT CAPABILITY

ПРЕВЕЗУВАЈТЕ СÈ

Со капацитет за влечење до 2.500 kg*, со Discovery Sport можете да транспортирате сѐ, од обични приколки до приколки за превезување коњи.

ПРИСПОСОБЛИВИ ТЕХНОЛОГИИ

За да имате доверба при секакви услови, секој Discovery Sport е опремен со системите Погон на сите тркала, Контрола на движењето по секаков терен и Теренска реакција 2.

ОПТИМАЛНА ТРАКЦИЈА

Чувствувајте се сигурно во секакви услови со системите што Ви се потребни за теренско возење Контрола на тракцијата при тргнување, Контрола на постепено ослободување на кочниците, Помош за тргнување на нагорнина и Контрола на спуштањето по надолнина.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА DISCOVERY SPORT

МОДЕЛИ НА DISCOVERY SPORT

Погледнете ја целата серија на модели.
ПРЕГЛЕД

ПРЕГЛЕД

Искористете ги предностите од својот свет со Discovery Sport.

**Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

Воден волумен: Волуменот се мери со симулација на полнење на багажниот простор со течност.

*Влечењето значително ќе влијае на автономијата на возилото во режимот за електрично возило EV.

Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.

1Во споредба со конкурентите од негова класа, важи на 03/03/23.

2Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

3Само компатибилни паметни телефони.

4На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.

5Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.

6Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.

7Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

8Land Rover Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Land Rover Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.

9Просечна должина на дневно патување (51 km) измерена со помош на податоците од InControl од 30 пазари глобално за возилата Discovery Sport во периодот од 2019 до 2022 година. Претпоставува целосно наполнета батерија.

Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.