ШТО Е ТЕЧНОСТ ЗА ТРЕТМАН НА ДИЗЕЛ ИЗДУВНИ ГАСОВИ/AdBlue®?

    Течност за третман на дизел издувни гасови (DEF) позната и како AdBlue®, е течност којашто е неотровна, безбојна, незапаллива и нема вкус. Сместена е во посебно определен резервоар во вашето возило, таа се вбризгува во издувниот систем за да ги чисти издувните гасови. Технологијата за селективна каталитичка редукција (SCR) се вградува во сите дизел возила на Land Rover од модел годината 2016. Тоа овозможува Land Rover да го исполни EU6 стандардот за емисија на издувни гасови преку намалување на нивото на азотен оксид (NOx), до 90%, што се испушта низ издувниот систем. Освен катализатор од новата генерација, технологијата SCR бара и употреба на течност за третман на дизел издувни гасови (DEF).

     

    КАКО ЌЕ ЗНАМ ДЕКА НИВОТО НА DEF/AdBlue® Е НИСКО?

    Центарот за пораки прикажува серија од пораки кога нивото на DEF ќе стане многу ниско.

    1. Првата порака вели дека количеството на DEF е на ниво кога се препорачува дополнување.
    2. Втората порака е придружена со ЖОЛТА предупредувачка икона и вели дека резервоарот за DEF треба да се наполни.
    3. Третата порака започнува да го одбројува преостанатото растојание до испразнување на резервоарот за DEF, по што возилото нема да стартува.
    4. Последната порака е придружена со ЦРВЕНА предупредувачка икона и се прикажува кога преостанатото растојание е нула и вели дека возилото нема да може да го стартувате сѐ додека во резервоарот не се додаде DEF.
    ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ДИГИТАЛНИОТ ПРИРАЧНИК

    ОДРЖУВАЊЕ НА DEF/AdBlue®

    Важно е да го одржувате потребното количество на DEF/AdBlue® во вашиот Land Rover, затоа што стандардот на EU пропишува дека моторот не може да го стартувате без таа течност. Центарот за пораки во вашиот автомобили ќе ви издаде рано предупредување кога нивото на DEF/AdBlue® е ниско и навреме ќе ве предупреди да закажете дополнување на резервоарот.Вашиот локален продавач/овластен сервисер на Land Rover исто така ќе го наполни резервоарот како дел од вашето редовно одржување. За подетални информации ве молиме погледнете го вашиот Прирачник за сопственикот.
    Погледнете го дигиталниот прирачник

    ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

    Open All
    Close All
    • КАКО ДА ГО ПРОВЕРАМ НИВОТО НА DEF/ AdBlue® ВО МОЕТО ВОЗИЛО?

      Растојанието до следното полнење на DEF во вашето возило може во секое време да се види во центарот за пораки на инструмент таблата.* Постапете на следниот начин:

      1. Вклучете го палењето, но не го стартувајте моторот (Проверите дали важечкиот паметен клуч е внатре во возилото и уверете се дека педалот на кочницата не е притиснат. Држете го притиснато копчето START/STOP за стартување/гаснење на моторот сѐ додека не се вклучат предупредувачките светилки на инструмент таблата)
      2. Притиснете го копчето OK, дел од елементите за контрола поставени на воланот, за да пристапите до основното мени (кај некои модели притискајте го копчето ОК неколку пати едно по друго сѐ додека не се прикаже Driver Assistance (помош за возачот))
      3. Со помош на стрелката за надолу од елементите за контрола поставени на воланот, лизгајте надолу и обележете го Vehicle Info (информации за возилото)
      4. Притиснете го копчето OK за да го потврдите изборот
      5. Лизгајте надолу за да го обележите Diesel Exhaust Fluid (течност за третман на дизел издувни гасови) (Кај некои модели ова поле се прикажува како Next Service (следен сервис))
      6. Притиснете го копчето OK за да го потврдите изборот. Потоа се прикажува растојанието кое може да се измине со преостанатото количество на DEF

      *Сите возила немаат опрема што ќе може да ја прикаже горенаведената информација. Контактирајте со вашиот трговец/овластен сервисер на Land Rover за дополнителни појаснувања.

    • КОЛКУ ЧЕСТО ТРЕБА ДА НАДОПОЛНУВАМ DEF/ AdBlue®?

      Потрошувачката на DEF може многу да се разликува. Како просечна потрошувачка може да се смета односот од 800 km (500 miles) / 1 литар, но овој однос може да биде и удвоен, во зависност од стилот на возење, условите на патот и временската состојба.

    • ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО DEF / AdBlue СЕ ПОТРОШИ®?

      Ако DEF се потроши, тогаш нема да можете да го стартувате моторот во вашиот Land Rover откако претходно сте го изгаснале - ова е барањето од стандардот EU6 за емисија на издувни гасови. Резервоарот ќе треба да се наполни со минимум 3,6 литри AdBlue® пред да може возилото повторно да го стартувате.

    • ДАЛИ МОЖАМ САМИОТ ДА ГО ДОПОЛНАМ РЕЗЕРВОАРОТ ЗА DEF?

      Да, можете да купите AdBlue® во специјални шишиња од 1,89 литри кои не дозволуваат разлевање на течноста, од вашиот локален продавач/овластен сервисер на Land Rover, и сами да го наполните резервоарот. Овие шишиња се специјално дизајнирани за едноставна употреба и да го спречат разлевањето при точење. Не препорачуваме полнење на резервоарот користејќи каков било друг тип на садови.
      Не точите никаква друга течност во резервоарот за DEF или пак да користите DEF што не го исполнува стандардот ISO22241-1 или DIN 70070 бидејќи тоа ќе ја наруши правилната работа на вашето возило.

      Ако по грешка наточите DEF во резервоарот за гориво на вашето возило, тогаш НЕ го стартувајте моторот, и веднаш повикајте го вашиот локален продавач/служба за помош на пат на Land Rover.

      Пумпите за AdBlue® за комерцијални возила на станиците за гориво никогаш не смеете да ги употребувате бидејќи имаат многу голем проток, а тоа ќе го оштети резервоарот за DEF во возилото.

      Подетални упатства за полнење на резервоарот за DEF можете да најдете во вашиот Прирачник за сопственикот.

    • ДАЛИ Е DEF/ AdBlue ® ТЕЧНОСТА ОПАСНА?

      Иако DEF не е опасна, сепак ако во случај течноста дојде во контакт со кој било дел од вашето тело, или ако ненамерно ја проголтате, ве молиме следете ги советите кои се дадени на пакувањето и побарајте лекарски совет. Ако DEF дојде во контакт со обоените површини на вашиот Land Rover, тогаш едноставно избришете ги, и исплакнете ја површината со насапунета вода. Меѓутоа, DEF може да остави флеки на тапацирот и на облеката - ако се излее, DEF треба веднаш да се отстрани со помош на ладна вода и влажна крпа.

    • КАКО ТРЕБА ДА СКЛАДИРА DEF/ AdBlue®

      DEF течноста секогаш треба да се складира во нејзиниот оригинален сад. Ве молиме придржувајте се кон препораките за складирање и ракување издадени од производителот и прикажани на садот. DEF никогаш не треба да се чува во возилото.

    ШТО Е EURO 6?

    Стандардот Euro 6 е дел од европското законодавство и е наменет за производство на еколошки поприфатливи возила преку ограничување на нивната емисија на издувни гасови. Законодавството поставува ограничувања за тоа колкаво количество азотни оксиди (NOx) и јагленоводороди може да испушта друмско возило по изминат километар.

    Бензинските и дизел автомобилите се предмет на различни ограничувања според новиот стандард Euro 6. За дизел автомобилите, дозволеното ниво на емисија на NOx (азотни оксиди) се спушти на 80 mg/km (од 180 mg/km), додека дозволеното ниво на емисија на јагленоводороди се спушти на 170 mg/km (од 230 mg/km). Дозволеното ниво на емисија на NOx (азотни оксиди) за бензинските автомобили останува на 60 mg/km, додека дозволеното ниво на емисија на јагленоводороди останува на 100 mg/km.

    Заедно со други производители на автомобили, Land Rover е законски обврзан да ги исполнува овие нови регулативи според следните рокови:

    Од 1ви јануари 2015 година, сите новововедени возила мора да го исполнуваат стандардот Euro 6. Ова ги вклучува сите нови модели на пазарот, на пример: Discovery Sport. Возилата кои се веќе во продажба мора да го исполнат стандардот Euro 6 најдоцна до 1ви септември 2015 година, но;
    Индивидуални возила кои се веќе во продажба а биле произведени и испорачани од производителот пред 1ви јуни 2015 година може да продолжат да се продаваат до 1ви семптември 2016 година. Меѓутоа, во овие случаи производителот мора да приложи барање за изземање.

    За подетални информации во врска со AdBlue® ве молиме контактирајте го вашиот локален продавач на Land Rover или погледнете во вашиот Прирачник за сопственикот.

    *Кога нивото на AdBlue® е ниско, во центарот за пораки се прикажува порака за известување. Дополнете го резервоарот за AdBlue® што е можно поскоро. Со локалниот продавач/овластен сервисер на Land Rover можете да договорите целосно дополнување на AdBlue® Ако треба, AdBlue® може да се дополни со помош на шишиња кои спречуваат протекување кои се достапни од вашиот локален продавач/овластен сервисер на Land Rover. Просечна потрошувачка на AdBlue® е 800km (500 miles) /1 литар. Меѓутоа, потрошувачката може многу да се разликува во зависност од вашиот стил на возење, временските прилики и условите на патот.

    AdBlue® е регистриран заштитен знак на компанијата Verband der Automobilindustrie e. V. (VDA)