ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

Новиот Range Rover паркиран на станица за полнење покрај патот

САМО ДОМА СИ Е ДОМА

Наша препорака е полнењето најчесто да го вршите во домашни услови бидејќи тоа вообичаено е и најевтиниот и наједноставниот начин за полнење - едноставно како и полнењето на Вашиот телефон.

Илустрација на вектор икони

ЗАБРЗАЈТЕ ГО ПОЛНЕЊЕТО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Најбрзиот начин за полнење во домашни услови е со професионално инсталиран домашен полнач.
Land Rover илустрација на временска прогноза

БЕЗБЕДНО ЗА ПОЛНЕЊЕ, БЕЗ ОГЛЕД НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ

Нашите препорачани домашни полначи се безбедни за употреба на секакви временски услови. Без оглед дали е врнежливо или сончево, секогаш ќе бидете спремни за возење на струја.

ПОЛНЕЊЕ КОГА СТЕ НА ПАТ

СЛЕДЕТЕ ГО ПРОГРЕСОТ НА ВАШЕТО ПОЛНЕЊЕ КАДЕ И ДА СТЕ

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО

Наши вредности за места со брзо полнење на еднонасочна струја DC – вообичаени на сервисните станици на автопат и на магистралните патишта – наведени до 80 проценти. Ова е поради тоа што брзината на полнење значително се намалува над 80% за да се заштити батеријата и да се оптимизира нејзиниот работен век.

Возило Полнење во домашни услови и на јавни станици за полнење со наизменична струја АС (7 kW) 0 – 100% Брзо полнење со еднонасочна струја DC 0 – 80% Полнење со еднонасочна струја DC (висока тарифа)
Range Rover Electric Hybrid Од 5 часа2 Под 1 час2 43 kW
Range Rover Sport Electric Hybrid Од 5 часа2 Под 1 час2 43 kW
Range Rover Velar Electric Hybrid Од 2 часа и 30 минути2 Од 30 минути2 35 kW
Range Rover Evoque Electric Hybrid Од 2 часа и 30 минути2 Од 30 минути2 325 kW

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ИНСТАЛИРАЊЕ НА ДОМАШЕН ПОЛНАЧ

ИНСТАЛИРАЊЕ НА ДОМАШЕН ПОЛНАЧ

Професионално инсталиран домашен полнач е  еден од наједноставните и најпогодни начини за да го одржувате Вашето возило наполнето.
Range Rover Sport во сивата боја Eiger на станица за полнење

ПОЛНЕЊЕ НА ЕВ НА ЈАВНИТЕ СТАНИЦИ

Дестинациското полнење е одличен начин за повремено дополнување кога сте надвор од дома. Пронајдете каде можете да го направите тоа и како да платите за тоа.

1Достапно само на одредени пазари.  


2Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.


3Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.