КАКО ДА ГО ПОЛНИТЕ ВАШЕТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

КАКО ДА ГО ПОЛНИТЕ ВАШЕТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

Што се однесува до полнењето, животот не може да биде поедноставен. Тука има сѐ што треба да знаете во поглед на користење на електричната енергија за да возите на струја секој ден.

ВАШИОТ ВИДЕО ВОДИЧ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Дознајте го процесот на полнење на Вашиот Land Rover во три минути.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

КОНЕКТОРИ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА PHEV

За да се поврзете со станица за полнење, Вашиот Land Rover PHEV користи комбиниран систем за полнење (ССЅ). Овој систем е компатибилен со побавните полначи со наизменична струја АС и, кај одредени модели, со брзите полначи со еднонасочна струја DC. Некои други производители на автомобили користат различни системи за полнење како CHAdeMO. Овие системи поретко се користат во мрежата на станици за полнење и не се компатибилни со возилата Land Rover Електрично.

ПОЛНЕЊЕ СО НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА AC

ПОЛНЕЊЕ СО НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА AC

Горниот дел од CCS влошката на Вашето возило се користи за полнење со наизменична струја АС (до 7 kW). Конекторите што одговараат за оваа влошка се познати под името Type 2 конектори и се компатибилни со Вашиот домашен полнач, јавните станици за полнење со наизменична струја АС и домашните приклучници.
БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

На селектирани модели долниот дел од ССЅ влошката на Вашето возило има два пина што се комбинираат со три од горните пинови за да се обезбеди брзо полнење со еднонасочна струја DC (до 50 kW), обично на автопат и магистрален пат. До двата долни пина можете да пристапите ако го отстраните капакот на долната приклучница.

КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА PHEV

Вашето PHEV е компатибилно со три типа на кабли за полнење од различни извори на енергија.

КАБЕЛ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ И ДОМАШЕН ПОЛНАЧ НА НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА АС (MODE 3)

КАБЕЛ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ И ДОМАШЕН ПОЛНАЧ НА НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА АС (MODE 3)

Mode 3 кабелот за полнење го поврзува Вашето возило со домашен полнач и јавните станици за полнење со наизменична струја АС. Кабелот се карактеризира со Type 2 конектор на двата краја.
КАБЕЛ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ЗА БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

КАБЕЛ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ ЗА БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

На јавните станици за полнење на автопат и магистрален пат секогаш е поставен кабел за брзо полнење со еднонасочна струја DC така што нема потреба да го користите својот кабел. За полнење мора да го приклучите конекторот на кабелот во двата дела од CCS влошката во Вашето возило.
КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ДОМАШНА ПРИКЛУЧНИЦА (MODE 2)

КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ДОМАШНА ПРИКЛУЧНИЦА (MODE 2)

Mode 2 кабелот за полнење го поврзува Вашето возило со домашна приклучница преку Type 2 конектор на едниот крај и приклучник на другиот крај.

ПРЕПОРАЧАНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН

Со апликациите Land Rover Remote и Land Rover iGuide добивате моментален пристап до набљудување, контроли и прирачник за полнење на PHEV во домашни услови или на пат.

МОБИЛЕН ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛНЕЊЕ

МОБИЛЕН ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛНЕЊЕ

Апликацијата Land Rover iGuide Ви нуди едноставно пронаоѓање и увид во главните карактеристики и елементи за контрола на Вашиот Land Rover Електрично. Оваа апликација е и мобилен прирачник и дава одговор на кое било прашање во врска со полнењето.1
КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО И НАБЉУДУВАЈТЕ ГО ПОЛНЕЊЕТО НА ВАШЕТО ВОЗИЛО ОД СЕКАДЕ

КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО И НАБЉУДУВАЈТЕ ГО ПОЛНЕЊЕТО НА ВАШЕТО ВОЗИЛО ОД СЕКАДЕ

Функцијата за далечинско полнење на апликацијата Land Rover Remote Ви дава целосна контрола на статусот на полнењето на Вашето возило директно од Вашиот телефон. Со допир на копче може да се постават и тајмерите за тргнување и претпочитаниот период за полнење.1

ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА

НАГОДУВАЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

НАГОДУВАЊЕ НА ВАШЕТО PHEV

За да го извлечете најдоброто од главните функции и карактеристики на Вашето возило прво треба да се поврзете со Вашиот систем за информации и забава и да ги нагодите елементите за контрола на Вашиот паметен1 телефон.
РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА PHEV

РЕЖИМИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА PHEV

Запознајте се со режимите што Ви овозможуваат да возите со погон на струја или бензин.
МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЖИВОТ НА БАТЕРИЈАТА

МАКСИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ЖИВОТ НА БАТЕРИЈАТА

Следете ги овие едноставни совети за да ја одржите вашата батерија ефикасна и долготрајна.

1Само компатибилни паметни телефони. Предмет на достапност на пазарот на платформи од провајдери од трети страни и сигнал на мобилен телефон.

Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.

IOS е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc​

Android е трговска марка на Google LLC.