Range Rover SV нуди поголем избор, богата мајсторска изработка и конкретни подобрувања за тие што бараат вистински уникат. Неговиот луксуз можете да го видите и да го допрете.

ДИЗАЈН

Префинет. Луксузен. Ексклузивен. Најпривлечниот Range Rover направен досега.

AN EXQUISITE INTERPRETATION
AN EXQUISITE INTERPRETATION

ЛУКСУЗОТ ВО RANGE ROVER

Прекрасна надворешност со ексклузивна украсна маска и преден одбојник, и натпис Range Rover во две бои. Сместете се во седиштата од полуанилинска кожа. Допрете ги луксузните елементи за контрола со завршна обработка од керамика во бела сјајна боја. Секое патување е возбудливо на свој начин.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА СО SV

Создавањето на Вашиот Range Rover SV е лично доживување. Меѓу уникатните материјали што ги нуди одделот SV тука се завршната обработка од керамика во бела сјајна боја со врежан мозаик или контрастниот фурнир со завршна обработка Natural Dark Linear Wenge украсен со метален мозаик.

БЕСПРЕКОРНА ПОВРЗЛИВОСТ

Pivi Pro интуитивно и едноставно се поврзува со Вашиот паметен телефон и е од корист како за патниците така и за возачот. Два екрани на допир од 13,1 инчи, ексклузивни за SV, ги обезбедуваат сите потребни информации и забава за патниците на задните седишта.

SV SIGNATURE SUITE 

Опцијата SV Signature Suite со четири седишта ги комбинира беспрекорната погодност и високиот комфор за да им понуди врвно доживување на патниците кај моделите со големо меѓуоскино растојание.

SV SIGNATURE SUITE

ХАРМОНИЈАТА Е КРЕИРАНА

Задната конзола со целосна големина е обложена со кожата Windsor или материјал без кожа на UltrafabricsTM1, а горниот крај е покриен со фурнир и има интегрирано амбиентално осветлување. Контролерот со екран на допир за задните седишта им овозможува на патниците во вториот ред да го приспособуваат комфорот и да уживаат во забавата.

КОМФОРОТ Е НАЈВАЖЕН

SV Signature Suite внесува повисоко ниво на комфор во Range Rover. Држачите за чаши и осветлената конзола на вратата на фрижидерот се отвораат со електрика и со нив погодно се ракува преку контролерот со екран на допир за задните седишта. SV‑дизајнираната кристална стакларија на Dartington нуди дополнителна префинетост.

ФЛЕКСИБИЛЕН ПРОСТОР

Клуб масичката со електрично отворање има извајан потпирач за раце и ексклузивно декоративно осветлување, а со неа можете да ракувате преку контролерот со екран на допир за задните седишта. Под неа има простор што е паметно искористен со интегрирани и сигурни оддели за одлагање предмети во централната конзола.

ТЕМАТА SV INTREPID

Динамично. Таинствено.

SV INTREPID THEME
SV INTREPID THEME

ИСТАКНАТИ ДЕТАЛИ

Оваа тема нуди бројни детали во внатрешноста, како ексклузивни фурнири, завршни обработки и елементи за контрола од керамика во црна мат боја. Темата е уште повпечатлива со истакнатите делови на надворешноста во бојата Graphite Atlas или метализирани во бојата Anthracite.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Динамичниот фокус на темата SV Intrepid може дополнително да се истакне со црниот контрастен покрив, црвените шепи за кочниците и тркалата од 23 инчи во црна мат боја со влошки во црна сјајна боја Narvik и завршна обработка во Dark Tinted Lacquer.

БЕЗ КОЖА

За SV Intrepid темата на располагање се напредни материјали без кожа на UltrafabricsTM Меките, еластичните и јаки материјали се карактеризираат со уникатна завршна обработка со перфорација во облик на правоаголник.

ТЕМАТА SV SERENITY

Чист луксуз со суптилни детали за да се нагласи ексклузивноста.

SV SERENITY THEME
SV SERENITY THEME

ИСТАКНАТИ ДЕТАЛИ

Секој милиметар во темата SV Serenity е со фокус кон луксузот. Надворешните детали блескаат со бронзената боја Corinthian, а ексклузивната внатрешност во двобојна комбинација го истакнува импресивниот квалитет на возилото.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Уникатноста на темата за надворешност SV Serenity може да се издигне на повисоко ниво со контрастниот покрив во бронзената боја Corinthian и опционалните тркала од 23 инчи во темносива сјајна боја со влошки во бронзена мат боја Corinthian.

МОЗАИЧКИ ФУРНИР

Педантното внимание кон деталите се демонстрира со палета од прекрасни нови фурнири, завршни обработки со мозаички фурнир и мозаик со метални влошки. Внатрешноста се комплетира со мозаички вез на седиштата.

МОТОРИ ЗА RANGE ROVER SV

Range Rover SV доаѓа со најнапредните мотори што сме ги понудиле досега.

ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

Range Rover SV е достапен со новиот плаг-ин електричен хибриден (PHEV) мотор со продолжена автономија. 3.0-литарскиот 6-цилиндричен Ingenium бензински мотор со моќност од 160 kW развива комбинирана моќност од 550 PS (404.5 kW)*.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

RANGE ROVER BY SV BESPOK

RANGE ROVER BY SV BESPOK

Во соработка со SV Bespoke, Вашиот нов Range Rover е ремек-дело.
МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ја целата серија на модели и спецификации.
Range Rover

Range Rover

Неспоредлива префинетост и луксуз

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала и вградените додатоци.



*Моторот P460e детално.


*
*Моторот P460e детално.