
Колкаво растојание би можеле да поминете со електрична енергија? Искористете го нашиот калкулатор за автономија и неговите сценарија од реални услови за да дознаете.
Рекламираните вредности им овозможуваат на возачите да споредуваат еден автомобил со друг во истите услови. Повеќето производители тестираат според истата WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) постапка и ги наведуваат овие вредности.
Споредено со контролираните услови и температури на WLTP постапката, во реални услови автономијата ќе се разликува врз основа на неколку фактори како што се брзината, надворешните температури и тежината што ја превезувате.
Сега има повеќе места од кога и да било што можете практично да ги најдете, да наполните и да платите кога не сте дома.
Најблиската станица за полнење можете да ја најдете едноставно преку апликацијата за возилото или преку системот за навигација во Вашиот Range Rover.
*Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
‡Актуелната автономија може да се разликува врз основа на фактори како што се стилот на возење, условите на околината, тежината на патниците и товарот, вградените тркала, вградените додатоци и употребата на поставките на возилото, актуелната патека и состојбата на батеријата.