СПОНЗОРСТВО

ОТКРИЈТЕ ГИ ЗАЕДНИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО СРЦЕТО НА СПОНЗОРСТВАТА НА LAND ROVER
ИСТРАЖЕТЕ ГИ СПОНЗОРСТВАТА

СПОНЗОРСТВА И ПАРТНЕРСТВА

РАГБИ

РАГБИ

Land Rover е спонзор на рагбито, од основно ниво па сè до елитно ниво. Ова спонзорство е инспирирано од заедничките вредности на чесност, гордост и самоконтрола. Незапирлива сила на и вон теренот, мажите и жените коишто се занимаваат со овој тежок спорт нè стимулираат со својата демонстрација на посветеност и способност.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ИНВИКТУС ИГРИТЕ

ИНВИКТУС ИГРИТЕ

Комбинацијата од внатрешна и надворешна сила е тоа што ги стимулира натпреварувачите на Инвиктус игрите на нивниот пат низ рехабилитацијата. Тие постојано инспирираат со нивната способност да ја надминат неверојатната неволја и се траен потсетник за тоа што може да се постигне кога се стремиме да ги надминеме границите.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
КОЊИЧКИ СПОРТ

КОЊИЧКИ СПОРТ

Land Rover е во срцето на коњичкиот спорт повеќе од 30 години и неговата вклученост во овој спорт води потекло од препознавањето на вредностите што ги споделуваме со овој спорт. Со желба да ги надминуваат границите во сите активности, овие спортисти ќе застанат само кога ќе го достигнат совршенството.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ И КОНЗЕРВАЦИЈА

ХУМАНИТАРНИ АКТИВНОСТИ И КОНЗЕРВАЦИЈА

Land Rover се гордее на соработката со бројни организации коишто со својата работа им помагаат на луѓето и животната средина на иновативни начини. Од активности поврзани со зачувување на животот до пионерски експедиции, овие организации се избрани поради нивните напори да ги променат нештата на подобро, а со тоа позитивно ќе влијаат врз луѓето и планетата во годините што доаѓаат.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
АВАНТУРА

АВАНТУРА

Патнерите на Land Rover за авантури имаат вродена желба да ги поместуваат границите на истражувањето. Ја комбинираме способноста на нашите возила со нивната страст за авантура и на тој начин им помагаме да го извлечат максимумот од нивните авантури.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЕДРЕЊЕ

ЕДРЕЊЕ

Едрењето, по својата природа, е исцрпувачко и непредвидливо. Натпреварување на највисокото ниво бара многу повеќе од непоколебливост и вештина - голема улога има и современата технологија. Инспирацијата за вклучување во едрењето Land Rover ја најде во можноста да го истражува потенцијалот на напредните технологии во ова сурово опкружување за да им помогне на нашите клиенти во остварувањето на нивите цели.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ