ГАРАНЦИЈА

Сигурност за Вашиот Land Rover

За првите пет години (или 150.000 km, условот што прв ќе се исполни)* по купувањето на Вашиот Land Rover ќе ги уживате придобивките од сеопфатната гаранција на производителот. Доколку треба да се поправи или замени некој дел поради дефект во производството, тогаш потребната работа ќе се изврши бесплатно со оригинални делови на Land Rover кај овластен продавач на Land Rover. За подетални информации во врска со гаранцијата контактирајте го Вашиот локален продавач. *Се применува од предавање на возилото или прва регистрација на 1 јули 2023, важи условот што прв ќе се исполни.


Делови и дополнителна опрема

Гаранција Ако некој дел треба да се поправи или замени, застапништво на Land Rover ќе го направи тоа бесплатно по истекот на оваа гаранција. Оваа гаранција го покрива кој било оригинален дел или дополнителна опрема што е купена од застапништво на Land Rover.


Дополнителна опрема што е вградена во ново возило

Ако во Вашето ново возило била вградена оригинална дополнителна опрема на Land Rover од страна на застапништво на Land Rover, тогаш тие делови ќе бидат предмет на истите услови и гарантен период како и гаранцијата на производителот. Возилото се смета за „ново“ ако има помалку од еден месец од датумот на купување или ако изминало сто милји или помалку, т.е. условот што е применлив во тоа време.


Услови за користење

Сите делови и дополнителната опрема за нашите возила ги исполнуваат високите стандарди што ги наметнува Land Rover за безбедност и сигурност на секое возило. Поради тоа, строго препорачуваме во Вашето возило да вградувате оригинални делови и дополнителна опрeма на Land Rover. Делови и дополнителна опрема за други возила не биле тестирани и одобрени од Land Rover. Затоа, не можеме да го процениме квалитетот на тие делови. Гаранцијата не ја покрива штетата што е предизвикана од делови и дополнителна опрема за возила што не се оригинални делови од Land Rover.


Гаранција на бојата

Aко треба да се изврши поправка на бојата, застапништво на Land Rover ќе го направи тоа бесплатно по истекот на оваа гаранција. Оваа гаранција е за период од три години и важи од денот кога сте го примиле Вашиот нов Land Rover, без оглед на километражата.


Гаранција против корозија

Ако на кој било дел од каросеријата на Вашиот Land Rover се појави корозија или `рѓа тогаш оштетените делови ќе се поправат или заменат бесплатно од продавач на Land Rover. Гаранцијата важи во период од шест години од денот кога сте го примиле Вашиот нов Land Rover, без оглед на километражата, и дури и во случај на промена на сопственикот.


Помош на пат

Land Rover Assistance е сеопфатна програма за помош на пат за првите три години од првата регистрација. Програмата Ви нуди сигурна поддршка во итни случаи додека возите, на пример поради технички дефект, незгоди или мали проблеми како дупнат пневматик. Без оглед на проблемот, секогаш можете да сметате на нашата помош на пат. Во секоја ситуација и насекаде. Овластен техничар од Land Rover вообичаено може да ги поправи повеќето проблеми на лице место. Ако тоа не е можно, ќе го однесеме Вашето возило во застапништво на Land Rover и ќе се погрижиме за Вашата мобилност. Ако треба, ќе Ви платиме и хотелско сместување, се разбира. *За подетални информации погледнете во Упатство за сервис под гаранција. *Се применуваат условите од програмата Помош на пат.