RANGE ROVER EVOQUE ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque со бројни опции и додатоци што го разубавуваат животот секој ден.

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Со богата палета од опции што се надополнуваат една со друга, нашите пакети можат да ги унапредат и персонализираат дизајнот и динамиката на Вашиот Range Rover Evoque.

ПАКЕТ BLACK
ПАКЕТ TECHNOLOGY
ПАКЕТ DYNAMIC HANDLING
ПАКЕТ DRIVER ASSISTANCE

ПАКЕТ CONVENIENCE

Возењето Range Rover Evoque откако ќе се стемни сега е уште поедноставно со системот Помош за автоматски  долги светла. Крајната врата со моторно движење Ви овозможува едноставен пристап до  багажниот простор,  а функцијата Влегување  без клуч нуди уште поголема погодност.

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Можете да патувате комфорно без оглед на тоа колку е ладно, со греење на ветробранското стакло., предните и задните седишта и воланот.

ПАКЕТ COMFORT

Направете ја кабината уште попријатна. Напреден систем за прочистување на воздухот во кабината, Осветлување во кабината коешто може да се конфигурира и Клима уред со две зони се системи што го унапредуваат Вашиот комфор при возењето.

ПАКЕТ TOWING

Патувањата се поедноставни без оглед на теренот или товарот, со пакетот Towing3, во којшто спаѓаат Напредниот систем за помош при влечење и Куката за влечење со електрично отворање.

ОПЦИИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Понудени се фасцинантни опции за бои, тркала и изведби на покривот коишто ќе Ви помогнат да го скроите Вашиот Range Rover Evoque.

Сина Tribeca

ОПЦИИ ЗА БОИ

Изразете го Вашиот карактер со нашата проширена палета на бои, меѓу коишто се сивата Arroios, сината Tribeca и бронзената боја Corinthian. ​
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Дополнително персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque или внесете повеќе природна светлина со панорамски покрив, фиксен или на отворање4 и со нашиот контрастен покрив во бронзената боја Corinthian или црната боја Narvik.
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

Збогатите ја визуелната привлечност на Вашето возило со тркалата од легура со димензија од 21 инч.  Тркалата се достапни во сребрена боја, темносива мат боја, црна сјајна боја и завршна обработка со дијамант  со темносив сјаен контраст.

ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста за да го збогатите Вашиот животен стил.

ЗА ПРАКТИЧНОСТ
ЗА МИЛЕНИЧИЊА
ЗА СОВРШЕНА ЗАШТИТА

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ИСТРАЖЕТЕ ГО RANGE ROVER EVOQUE

ИСТРАЖЕТЕ ГО RANGE ROVER EVOQUE

Уникатен и доверлив во секој поглед.
МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

Погледнете ја целата серија на модели.

1Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Опционална карактеристика.

2Системот Помош за мртов агол може да помогне да се спречат судари. Ако Вашето возило забележи друг автомобил во Вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш воланот автоматски се врти - укажува дека треба да направите корекција со воланот.

3Влечење и користење на подрачјето со мал број на вртежи значително ќе влијае на автономијата на возилото во режимот за електрично возило EV.

4Со избор на лизгачки панорамски покрив ќе се намали висината во кабината кај предните и задните седишта.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.