НАШАТА ГЛОБАЛНА ПРОГРАМА ЗА ДИПЛОМАТСКА ПРОДАЖБА

Нашата глобална програма за дипломатска продажба нуди пристап до глобални спецификации на возилото, ексклузивни цени, посебен тим за сервис и целосна гарантна поддршка.

НАЈВИСОКО НИВО НА ЛУКСУЗ И УСЛУГА

Нашата дипломатска програма е дизајнирана околу Вас и гарантира дека лицата што ги исполнуваат условите имаат пристап до спецификациите на сите возила за нивниот пазар и можат да ги користат опциите за испорака низ целиот свет. Програмата обезбедува и повластени цени за лицата што ги исполнуваат условите и специјална сервисна поддршка со помош од нашиот партнер за глобална дипломатска продажба AM Capurro.

За да ја добиете оваа услуга треба да бидете дипломат, член на меѓународна организација што ја претставува нивната земја во странство или дипломатска мисија што купува возило за користење како официјално возило.

БАРАЊЕ И КОНТАКТ ЗА ВОЕН ПЕРСОНАЛ

Подетални информации за подобноста и услугите за воен персонал можете да добиете од нашиот контакт за Вашиот пазар. Нашиот тим ќе Ви одговори на какви било прашања што ги имате во врска со критериумот за исполнување на условите и потребната документација.

ПОДОБНИ ОРГАНИЗАЦИИ

ОТВОРИ ГИ СИТЕ
Меѓународно координирани организации
Главна организација, специјализирани агенции и институции на ОН
Европска комисија
Други меѓународни организации

ЕКСКЛУЗИВНИ ЦЕНИ

Дипломатската програма нуди повластени цени за лицата што ги исполнуваат условите. Како дипломат, имате право на бројни намалувања на цената и даночни ослободувања.

ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ И БРЗА ИСПОРАКА ОД ЗАЛИХА

Сите возила што се испорачани преку AM Capurro се во согласност со барањата на секој поединечен пазар. Исто така, обезбедено е целосно транспортно осигурување. Вашето возило ќе се испорача безбедно и брзо со помош на нашите партнери за превоз на стока и логистика. На залиха имаме широк асортиман на возила што можат да се испорачаат во најкраток можен рок.

БРЗО АНГАЖИРАЊЕ НА КЛИЕНТОТ

Брза услуга и брза испорака се 2 елементи со коишто AM Capurro се гордее. Нашиот посветен тим ќе одговори на Вашето барање во рок од 4 работни часа и ќе достави понуди во рок од 1 работен ден.

ПОСВЕТЕНА ПОСТПРОДАЖНА ПОДДРШКА

За препораки во врска со возила и специјализирана постпродажна помош можете да го контактирате специјалното продажно одделение на AM Capurro. Посветениот тим за постпродажба на Jaguar Land Rover ќе биде достапен за цело време додека сте сопственик на возилото.

AM CAPURRO, НАШИОТ ПАРТНЕР ЗА ПРОДАЖБА ЗА ДИПЛОМАТСКИ ПЕРСОНАЛ.

Посветениот тим на AM Capurro може да ги обезбеди сите детали за серијата модели на Land Rover и да обезбеди помош во врска со сите аспекти на процесот на продажба за дипломатски персонал.

КОНТАКТИРАЈТЕ ГО AM CAPURRO

За да добиете подетални информации контактирајте го тимот и посетете ја веб-локацијата на AM Capurro.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ