RANGE ROVER

WESTMINSTER EDITION.
ИНСПИРИРАН ОД СРЦЕТО НА ЛОНДОН.
Целосно Range Rover. Целосно електричен. Резервирајте го Вашето место на листата на чекање за можноста да поседувате еден од првите модели.

СЕКОГАШ Е ПРИМЕР ЗА ОСТАНАТИТЕ

Range Rover е воден од повеќе од 50 години еволуција и отелотворува елеганција што останува имуна на мода и трендови. Засекогаш поткрепен со неспоредлива префинетост и прекрасна модерност овозможена од најновите технологии.

НАМЕСТЕТЕ СЕ, РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ, ПОЛНЕТЕ

Ненадминливо патувачко искуство за сите.

ЕДНОСТАВНО НАСЕКАДЕ, СЕКОЈ ДЕН.

Моќта да одите насекаде. Со пионерски иновации на дофат на раката, истражувајте места каде што само Range Rover може да Ве однесе со доверба, смиреност и комфор.

ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА

Оригиналниот луксузен SUV. Сега e електричен. Погледнете ги неспоредливата префинетост, бескомпромисната способност и дизајнерската линија во најголема хармонија досега.

Range Rover патува на зајдисонце

КОМФОР ВО ПОЗНАТОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Електризирачката суштина на Range Rover. Дознајте повеќе за технологијата зад најпрефинетиот Range Rover на сите времиња.
Range Rover вози по снег

БЕСКОМПРОМИСНА СПОСОБНОСТ

Возете по пострмни падини и низ подлабока вода од кој било друг луксузен електричен SUV.8 9

Батеријата и електричната погонска единица (EDU) на Range Rover Electric се тестирани на температури и до -40 °C.
Жена оди околу задниот дел на Range Rover

НЕСПОРЕДЛИВА ПРЕФИНЕТОСТ

И одеднаш тишина. Речиси бесшумни патувања со целосно електричен погон.
Range Rover патува на зајдисонце

КОМФОР ВО ПОЗНАТОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Електризирачката суштина на Range Rover. Дознајте повеќе за технологијата зад најпрефинетиот Range Rover на сите времиња.
Range Rover вози по снег

БЕСКОМПРОМИСНА СПОСОБНОСТ

Возете по пострмни падини и низ подлабока вода од кој било друг луксузен електричен SUV.8 9

Батеријата и електричната погонска единица (EDU) на Range Rover Electric се тестирани на температури и до -40 °C.
Жена оди околу задниот дел на Range Rover

НЕСПОРЕДЛИВА ПРЕФИНЕТОСТ

И одеднаш тишина. Речиси бесшумни патувања со целосно електричен погон.

ПРОГРЕСИВНА МОЌНОСТ

Оригиналниот луксузен SUV, пример за останатите со најнапредните погонски технологии.

АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

116KM
WLTP. Проценета автономија во реални услови 90 km.

ЕМИСИЈА НА CO2 (ОД)

63G/KM
Нулта емисија на издувни гасови во режим на електрично возило EV.
WLTP комбинирано (модел серија).

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ (ОД)

40МИНУТИ§
Полнење од 10 до 80 проценти за помалку од еден час со помош на брз полнач на еднонасочна струја DC со моќност од 50 kW.

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

5часа§
Полнење 0-100 проценти за помалку од 5 часа со помош на полнач на наизменична струја AC со моќност од 7kW.

ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

Достапен е како плаг-ин електричен хибрид (PHEV) со продолжена автономија. Варијантите P460e и P550e како погонска единица го имаат 3.0-литарскиот 6-цилиндричен Ingenium бензински мотор комбиниран со електромотор од 160 kW.


Моторот P460e во детали.

ПЛАГ-ИН ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

МАКСИМАЛНА БРЗИНА (ДО)

261KM

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ (ДО)

537PS
395kW

0-100 KM/H (ОД)

4,8СЕКУНДИ

ЕМИСИЈА НА CO2 (ОД)

260-274G/KM
WLTP комбинирано (модел серија).

SV БЕНЗИНСКИ V8

Бескомпромисна моќност и перформанси со технологијата на делумен хибрид. 4,4‑литарскиот V8 мотор има моќност од 537 PS (395 kW) и вртежен момент од 750 Nm и со него Range Rover забрзува од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди кога е активирана функцијата Динамично тргнување.


Моторот P540 во детали.

SV БЕНЗИНСКИ V8

МАКСИМАЛНА БРЗИНА (ДО)

234KM/H

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ (ДО)

350PS
258 kW

0-100 KM/H (ОД)

6,0СЕКУНДИ

ЕМИСИЈА НА CO2 (ОД)

190-209G/KM
WLTP комбинирано (модел серија).

ДИЗЕЛСКИ ДЕЛУМЕН ХИБРИД

Моторите на Range Rover со технологијата делумен хибрид ја собираат, складираат и одново ја ослободуваат енергијата што нормално се губи при намалување на брзината.


Моторот D350 во детали.

ДИЗЕЛСКИ ДЕЛУМЕН ХИБРИД

WESTMINSTER EDITION

Британска икона инспирирана од британски икони. Westminster Edition го отелотворува наследството на Range Rover да биде пример за останатите, со дизајнерски елементи и безвременска елеганција инспирирана од срцето на Лондон.

SV ULTRA

Премиум Range Rover доживување. Извонредна интерпретација на префинетост, мајсторска изработка и персонализација. Погледнете ја галеријата.

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ И НАРАЧАЈТЕ

Изберете еден од нашите уникатни модели, а потоа направете го Ваш.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Опционалните карактеристики и додатоци се достапни со доплата. Нивната достапност може да се разликува според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак се бара инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


§Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.


1Карактеристиките на PIVI Pro, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.


2Кога се користат според упатството, филтерот за ПМ 2,5 честички и NanoeTM X технологијата можат значително да ги намалат непријатните миризби, бактерии, патогени и алергени.


3Контроли се достапни за возачот, совозачот и за патниците на надворешните седишта во вториот ред.


4Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика во 360°. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Опционална карактеристика. Подлежи на локалните прописи.


5Опционална карактеристика. Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.


6Кругот на вртење за моделот со стандардно меѓуоскино растојание е 10,95 m, а за моделот со големо меѓуоскино растојание е 11,54 m.


7Само компатибилни паметни телефони. Предмет на достапност на пазарот на платформи од провајдери од трети страни и сигнал на мобилен телефон.


8Секогаш проверете ја патеката и излезот пред минување низ вода.


9Во споредба со конкурентите од негова класа почнувајќи од 13.06.2025.


Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.


Опционалните карактеристики и нивната достапност може да се разликува според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак се бара инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


MeridianTM е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd.