ГАРАНЦИЈА

Возење со новиот Range Rover по крајбрежен пат

Бидете безгрижни и дома и на пат со гаранцијата и службата за помош на пат - дизајнирани специјално за сопственици на Land Rover.

ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

Со Продолжена гаранција, за Вашиот Land Rover ќе се грижат техничари коишто даваат сѐ од себе, влевајќи Ви самодоверба да одите подалеку.

ШТО ПОКРИВА ГАРАНЦИЈАТА

Продолжената гаранција на Land Rover нуди екстензивно покривање против неочекувани дефекти на механички и електрични компоненти со неограничени побарувања до набавната цена на Вашето возило.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ

Заштита при патување додека сте во странство, пристап до оригинални делови на Land Rover и одобрени техничари и опцијата за службата за помош Land Rover Assistance.

ПОМОШ НА ПАТ

Во случај на дефект, незгода или ако сте ги заклучиле Вашите клучеви во возилото, добро е да се знае дека техничар на Land Rover е само на еден телефонски повик од Вас.1

ПРИДОБИВКИ ОД СЛУЖБАТА ПОМОШ НА ПАТ

Придобивките од службата за помош Land Rover Assistance се достапни во текот на гарантниот период за новото возило. Техничар на Land Rover вообичаено може да го реши проблемот на лице место. Ако не може, ќе го земеме Вашето возило во сервисен центар одобрен од Land Rover и ќе го организираме и ќе платиме за Вашето понатамошно патување. Во некои случаи, ќе платиме сместување во хотел.

ПОПРАВКА ПРИ НЕЗГОДА

Програмата за услуги при незгоди Ви дава пристап до нашата мрежа на центри за поправка. Специјалистите во овие центри минуваат низ сеопфатна, сертифицирана обука како би се справиле со сѐ, од мали оштетувања до големи штети од судар. Посветени сме на грижата Вашиот Land Rover да се поправи според највисоките стандарди.

1Точните придобивки и покривање можат да варираат во зависност од пазарот. За подетални информации Ве молиме посетете ја страницата за Вашата земја или контактирајте го Вашиот локален продавач.

2Поправките на бојата и покриеноста се во зависност од гаранцијата за пазарот, без ограничување на километражата како JLR стандард. Корозијата е покриена 6 години без ограничување на километражата како стандард.