СЕРВИСИРАЊЕ

Кога станува збор за сервисирање се грижиме за сите детали – обучени техничари, најсовремени алати и работилници, оригинални делови, електронска проверка на состојбата на возилото (eVHCs) – елементи што Ви овозможуваат да продолжите со Вашето патување.
Range Rover механизам

ЌЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС

Вашите планови се на прво место кога на Вашето возило му треба одржување или поправка. Ние обезбедуваме:


  • Преземање и испорака на возилото на локација по Ваш избор1.
  • Привремено заменско возило2.
  • Релаксирачка чекална и работен простор со бесплатен Wi-Fi додека чекате.

ИНТЕЛИГЕНТНО СЕРВИСИРАЊЕ

Благодарение на нашите индикатори за сервисни интервали вградени во секое возило, функцијата Флексибилен сервис пресметува кога е време за сервис врз основа на стилот и условите за возење.

БАРАЈТЕ СЕРВИС

Одржувајте го Вашето возило во врвна состојба со нашите флексибилни сервисни опции, вклучувајќи детална проверка на состојбата на возилото.

ЕЛЕКТРОНСКА ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗИЛОТО

Стручни техничари. Најсовремени технологии за дијагностика. Сеопфатна проценка на Вашето возило.

ОНЛАЈН СЕРВИСНА ИСТОРИЈА

Ако Вашето возило е произведено во месец јули 2013 година, или е поново, пристапете до Вашата комплетна сервисна историја.

СЕРВИСНИ ПЛАНОВИ

Погодна и ефтина грижа. Контактирајте го Вашиот продавач за да дознаете повеќе за нашите сервисни планови и да го пронајдете планот што Ви одговара.

1За сите одредби и услови разговарајте со Вашиот продавач.

2Достапноста може да варира во зависност од продавачот.