Верен на своите корени и спремен за иднината, Range Rover е достапен во опциите за плаг-ин хибридно возило* и делумно хибридно возило. Целосно електричен Range Rover ќе ѝ се придружи на фамилијата во 2024 година.
Едноставната природа на дизајнот е ослободена од непотребни детали и резултира во форма со модерен изглед што го одзема здивот. Ова е најпосакуваниот Range Rover што е направен досега.
За да се создаде сигурно катче со врвно возење за сите патници во возилото се користат најубавите материјали.
Извонредна интерпретација на луксузот и персонализацијата на Range Rover.
Изборот на модел со стандардно или големо меѓуоскино растојание нуди повисоко ниво на луксуз за четири, пет или седум возрасни лица.
*Достапно од јануари 2022.
**Добитник на наградата SMARTBEST за најдобри поврзани технологии, ноември 2020.
[1]Наведените вредности се проценки на производителот и ќе бидат заменети со официјалните вредности од EУ тестовите штом ќе бидат достапни. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала и вградените додатоци. Вредностите се добиени со целосно наполнета батерија.
††Погледнете ги WLTP вредностите.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
1Може да се применува политика за фер користење. Стандардна претплата е 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
2Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.
Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се заштитени знаци на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.
MeridianTM е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd.