ТЕСТИРАНО ОД ЕКСПЕРТИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

ПОДГОТВЕН ДА ГИ ПОДДРЖИ ХУМАНИТАРЦИТЕ НАСЕКАДЕ

Експертите за возење по секаков терен од Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) го тестираа Defender дури и пред да се појави на пазарот.


Тие сакаа да проверат дали повторно родената легенда беше подготвена за поддршка на хуманитарната работа во некои од најтешко достапните заедници во светот. Специјалистите во возниот парк на IFRC го добија одговорот во Дубаи.


Од пустинските дини до кривулестите асфалтни патишта, ја искусија сигурната управливост и комфорот на 4х4 возилото како што возеа нагоре по највисоката планина во Обединетите Арапски Емирати.

Defender ги положи сите тестови, на задоволство на Илир Каушај од IFRC кој кажа: „Црвениот крст поддржува милиони луѓе во криза секоја година, работејќи во скоро секоја земја во светот. Работиме во некои од најтешко достапните места на планетата, често пати на многу тежок терен, така што нашите тимови треба да се способни да се фатат во костец со сѐ“.


Експертите од возниот парк на IFRC го тестираа Defender на мек песок помеѓу брановидните дини во пустината, каде што моделот прототип со леснотија ги совладуваше стрмните нагорнини, сложените странични наклони и непрегледните брегови што го карактеризираат теренското возење во регионот.

Со температури над 40 °C, острите кривини на автопатот на Џебел Џаис беа следната дестинација. Defender го демострираше својот комфор и агилната управливост при друмско возење, искачувајќи се на надморска висина од приближно 2.000 метри. 


Дубаи беше погодна дестинација за да продолжи партнерството на Defender со Црвениот крст. Соработката датира уште од 1954 година, кога посебно приспособениот Land Rover започна да функционира во регионот како мобилен диспанзер.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

DEFENDER 130

DEFENDER 130

Слобода за сите. Осум седишта за заедничко истражување.
DEFENDER-ОТ НА КРАЛИЦАТА ВО АКТИВНА СЛУЖБА

DEFENDER-ОТ НА КРАЛИЦАТА ВО АКТИВНА СЛУЖБА

Насекаде со британскиот Црвен крст.