Екипата на Црвениот крст активно работи со Defender во Северен Велс, се грижи за поддршката на луѓето во тешко достапните заедници како што се планините Сноудонија, полуостровот Хлејн и островот Англеси.
Нивниот преработен Defender 130 беше донација за британскиот Црвен крст од JLR во чест на платинестиот јубилеј на Нејзиното Височество кралицата Елизабета II.
Работејќи со британскиот Црвен крст, чиј што патрон 70 години беше кралицата, Defender 130 е приспособен во согласност со принципите за модерен луксуз на JLR за да се вклучат напредни карактеристики за комуникација.
Неговата унапредена антена за 4G обезбедува сигурен, силен сигнал насекаде - битно за брегот на Велс со неговиот планински терен и оддалечени локации.
Има вграден телефон, VHF радио за комуникација надградена телематика со ГПС следење. Соларните напонски панели на покривот ја полнат помошната батерија којашто служи за работа на дополнителната опрема кога моторот е изгаснат.
Вградениот систем со фиоки им овозможува на тимовите да пренесуваат ќебиња, храна и опрема за прва помош. Тимот може дури да прави и чај, благодарејќи на вградениот бојлер.