ХУМАНИТАРЦИ ВО АКЦИЈА

НА ТЕРЕН ВО КРИЗНА ГОДИНА

Тимовите на италијанскиот Црвен крст зависеа од Defender кога карантинот поради ковид-19 им го направи животот на бездомниците во Рим уште потежок во студената, влажна зима.


Тимот беше подготвен да помогне, во Defender 110 на италијанскиот Црвен крст натоварен со топли оброци, топла облека и медицински средства. Кружејќи низ градот, тимот им нудеше помош на луѓето што ќе ги пронајдеше склупчени во уличките и влезовите од продавниците.  


Поддршката на бездомниците во Рим беше само еден од начините на коишто Defender им помагаше на локалните тимови на Црвениот крст да остават трага во годината со невидени предизвици насекаде во светот.


Инспиративните хуманитарци беа на терен на три континенти во време на криза, справувајќи се со природни катастрофи, рестрикции поради ковид-19 и вонредни околности од медицински причини.

Австралискиот Црвен крст им пружи поддршка на повеќе од 36.000 луѓе преку програмите за закрепнување по уништувачките шумски пожари. Возилата Defender им помогнаа да организираат вежби за да ги подготват луѓето за вонредни околности во иднина и да им обезбедат психолошка поддршка на лицата што беа во задолжителен карантин во хотели за време на пандемијата.


Мексиканскиот Црвен крст одржа обука за спасување и прва помош во изолираните заедници коишто живеат далеку од службите за итна интервенција. Волонтерите и персоналот поминаа 400 km на ден преку предизвикувачи терен за да го пренесат виталното знаење и опремата за прва помош.

Возилата Defender во ОК носеа кутии со храна до семејствата што беа изолирани во оддалечени локации за време на ковид-19. Исто така, испорачаа лична заштитна опрема вон копното на Шкотска и го поддржаа вакцинирањето на национално ниво.  


За цело време тимовите на Црвениот крст одговараа на итните случаи насекаде во ОК, како пожари во домовите, штети од зимски бури и поплави.  


JLR обезбеди 267 возила Defender и други возила за да помогне во справувањето со ковид-19 низ целиот свет.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

DEFENDER 110

DEFENDER 110

Спакувајте се и заминете некаде. Опционален трет ред на седишта и значајна способност.
ТЕСТИРАНО ОД ЕКСПЕРТИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

ТЕСТИРАНО ОД ЕКСПЕРТИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Подготвен да ги поддржи хуманитарците насекаде.