INGENIUM.
ЧИСТ И ЕФИКАСЕН.

ДОСТАПНИ КАКО БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛ МОТОРИ, НАШИТЕ ИЗВОНРЕДНО ЕФИКАСНИ МОТОРИ INGENIUM ВИ ШТЕДАТ ПАРИ НА ДОЛГ РОК.
Клиентите бараат „почисти“ возила коишто ги подобруваат перформансите што се очекуваат од робустните теренски возила. Нашите мотори Ingenium го нудат тоа на ново ниво.
Д-Р ВОЛФГАНГ ЦИБАРТ
ИНЖЕНЕРИНГ ДИРЕКТОР НА ГРУПАЦИЈАТА JAGUAR LAND ROVER

ЕКОЛОШКИ ПРИФАТЛИВИ

Сите наши мотори се во согласност со EU6, но нашите мотори Ingenium имаат дури и пониска емисија на штетни гасови, вклучувајќи ги CO2 и азотните оксиди.

ШТЕДИ ПАРИ

Пониска потрошувачка на гориво и намалена емисија на издувни гасови значи помалку пари за гориво и данок. Моделот Evoque со 2.0-литарски 180PS дизел мотор спаѓа во даночна група D, со трошок од само 160 фунти за првата година.

ПОДОБРЕНИ ПЕРФОРМАНСИ

Поголемиот вртежен момент кај моторот Ingenium овозможува пријатно возење со брза реакција.

МИРНО И ТИВКО ВОЗЕЊЕ

Моторите Ingenium имаат помала тежина што овозможува помирно и потивко возење.

КОЈ МОТОР INGENIUM Е НАЈДОБАР ЗА ВАС?

Моторите ingenium се наши мотори со најмала потрошувачка на гориво досега, но важно е да го изберете моторот што најдобро одговара на вашите потреби.

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM - ДИЗЕЛ МОТОРИ

Дизел моторите од серијата Ingenium се најдобрата опција ако сакате да одите на долги патувања со вашето возило и да уживате во слободата да патувате во разни градови и да бидете изземени од данокот за возење во зона со ниска емсија на издувни гасови. Овие мотори ви овозможуваат ефикасно постигнување и одржување на вашата брзина.
INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Ако барате моќна погонска единица со брза реакција, а во исто време со мала потрошувачка и ниска емисија на издувни гасови, тогаш нашите бензински мотори од серијата Ingenium се најдобриот избор за вас. Ги подобруваат перформансите за агилно возење и се многу згодни за чести и кратки патувања.