SUV МОДЕЛИ СО 7 СЕДИШТА

SUV модели со 7 седишта се природен избор за големо семејство или група, имаат опционален трет ред на седишта и единствен комфор.  Ако барате поголем багажен простор, повеќето SUV модели со 3 реда ја имаат опцијата за соборување на третиот ред и продолжување на багажниот простор.
Поглед од горе на седиштата во defender

ШТО Е SUV СО 7 СЕДИШТА?

Спортските теренски возила (SUV) имаат пространа каросерија, висока положба за возење и повисок слободен простор под возилото што ги прави фантастичен избор за секој што сака повисоко ниво на практичност и сестраност на секое патување. Комбинирајте ги овие квалитети со совршено изработениот луксуз, способноста за движење по секаков терен и дизајнерските иновации што се гледаат во секој модел со 7 седишта на Range Rover, Defender и Discovery и ќе го добиете единственото возило што некогаш ќе Ви треба.

ВАШ ИЗБОР НА КОНФИГУРАЦИИ СО 7 СЕДИШТА

7 СЕДИШТА СО ЦЕЛОСНА ГОЛЕМИНА

7 СЕДИШТА СО ЦЕЛОСНА ГОЛЕМИНА

Ако планирате редовни патувања и со дури 7 луѓе, или едноставно ја сакате флексибилноста на повеќе седишта со целосна големина, тогаш нашите модели со 7 седишта на Discovery, Range Rover LWB и Defender 110 и 130 Ви нудат совршено секојдневно решение.
5+2 СЕДИШТА

5+2 СЕДИШТА

Пристапот до прецизно интегрираниот трет ред со помошни седишта во Discovery Sport е многу едноставен, со навалување и лизгање нанапред на вториот ред. Овие две седишта се идеални за деца и тинејџери или за возрасни на пократки патувања. Кога не се користат, се соборуваат за да се добие поголем простор за багаж.

RANGE ROVER

Луксузен SUV со опционален трет ред.

Range Rover

RANGE ROVER LWB СО 7 СЕДИШТА

Неспоредлива префинетост и луксуз. Range Rover доаѓа и со дури 7 седишта со електрично поместување и греење. Достапни се со перфорирана кожа Windsor или со перфорирана полуанилинска кожа, во разни бои и завршни обработки. Предни седишта од полуанилинска кожа со масажер и електрично поместување се стандард.

DEFENDER

SUV со 3-ти ред со 7 или 8 седишта.

Defender

DEFENDER 110

Збогатете ја авантурата со опцијата за 7 седишта. Defender 110 е достапен со заден ред во целосна големина и може да се конфигурира како плаг-ин електричен хибрид (PHEV) и како делумен хибрид (MHEV).

DISCOVERY

SUV со 7 седишта со трет ред.

Discovery

DISCOVERY

Приспособлив SUV со 7 седишта со генијално искористување на просторот, со доволно место и додатоци за семејства и миленичиња. Discovery е достапен со заден ред во целосна големина и може да се конфигурира како делумен хибрид (MHEV).

КАКО НАШИТЕ SUV МОДЕЛИ ГИ НАДМИНУВААТ ГРАНИЦИТЕ

Поглед од напред на discovery

СЕКОЈДНЕВНА СЕСТРАНОСТ

Каде и да посакате да одите, со кого и да сакате, и да понесете што и да сакате, уживајте во сигурноста во Вашето патување.
Defender 130 во пустина

ЕДИНСТВЕНА СПОСОБНОСТ

Од карпести патеки до најкалливите полиња, нашиот уникатен систем Теренска реакција гарантира дека Вашето возило секогаш ќе биде спремно за сѐ што доаѓа во пресрет.
Девојка гледа од автомобилот

ЛЕГЕНДАРНА МАЈСТОРСКА ИЗРАБОТКА

Секој Range Rover, Defender и Discovery е направен со примена на легендарните дизајнерски детали и примерното ниво на мајсторска изработка за да Ви овозможи да ги искористите предностите од својот свет.