НОВИОТ RANGE ROVER
ОД SV BESPOKE

ИНСПИРИРАН ОД ВАС

Во соработка со SV Bespoke, Вашиот нов Range Rover е ремек-дело.


Создаден од директната консултација со Вашиот доделен експерт од SV Bespoke, ќе ги откриете бескрајните можности за персонализација при креацијата на врвниот израз на личниот луксуз.


Организирано и изработено до најмал детаљ, ова е уникатно возило коешто Вие го правите уште поуникатно.

ВАШ ПЕЧАТ

Надворешноста на Вашиот Range Rover можете да ја нарачате во уникатна комбинација на бои и завршни обработки.


Прегледајте ги впечатливите нијанси од внимателно составената палета на SV Bespoke или замислете Ваш препознатлив пигмент преку нашата ексклузивна услуга за избор според изложен примерок. Гарантираме дека бојата што ја посакувате ќе се постигне без никаков компромис.


За максимален ефект, вклучена е опцијата за контрастна боја на покривот, куќиштата на ретровизорите и влошките на тркалата.


Темелно истражувајќи го Вашиот свет на можности, инспирацијата продолжува со избор на истакнати делови на надворешноста и натписи на извонредни материјали и бои.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

КАБИНА БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА

Во Вашиот SV Bespoke Range Rover, опкружени сте со комфор и квалитет скроени токму според Вашите вкусови.


Понудена е палета на делумноанилинска кожа и материјали без кожа на Ultrafabrics во ексклузивни бои и перфорации. Од друга страна, дозволете им на Вашите експерти од SV Bespoke да Ве водат низ портфолиото на внимателно составени препораки.


За да креирате ексклузивна атмосфера во внатрешноста можете да изберете некои од прекрасните фурнири и завршни обработки меѓу коишто се мозаички фурнир, метални влошки или детали со втиснат мозаик. Ова ниво на персонализација продолжува до контрастно порабување на седиштата и подните простирки.


За дополнително истакнување на Вашиот карактер Ве охрабруваме да ги персонализирате Вашите седишта преку извезени декорации и плочки на праговите со уникатни графички детали и пораки.

Погледнете го филмот за внатрешноста
Која и да е Вашата приказна, раскажете ја преку бескомпромисното око на нашите мајстори и креатори.

Пронајдете го Вашиот локален продавач