SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

НЕНАДМИНАТ ЛУКСУЗ. НЕСПОРЕДЛИВИ ПЕРФОРМАНСИ

ПОРТФОЛИО СО НАШИТЕ НАЈНОВИ ПРОИЗВОДИ ОД SV

Истражете ги најновите креации на одделението Special Vehicle Operations на Land Rover.

ИНОВАЦИИ ШТО ГИ ПОМЕСТУВААТ ГРАНИЦИТЕ

ИНОВАЦИИ ШТО ГИ ПОМЕСТУВААТ ГРАНИЦИТЕ

За исклучително животно искуство.
НОВИОТ RANGE ROVER SV

НОВИОТ RANGE ROVER SV

Извонредна интерпретација на луксузот и персонализацијата на Range Rover.
RANGE ROVER ОД SV BESPOKE

RANGE ROVER ОД SV BESPOKE

Организирано и изработено до најмал детаљ, ова е уникатно возило коешто Вие го правите уште поуникатно.

ЕДИНСТВЕНО ЧУВСТВО

Никогаш не мируваат, постојано истражуваат. Желбата за беспрекорност е двигател на нашите специјалисти за дизајн, техничките визионери и искусните мајстори. Експериментирање, соработка, амбиција, но никогаш компромис. Токму ние прашуваме „Што ако можеме нашето најдобро решение да го направиме попрефинето, подинамично, уште повеќе Ваше?“.

ЗНАКОТ НА ЕКСКЛУЗИВНИТЕ ВОЗИЛА

Материјалите. Доживувањето при возење. Статусот. Со лансирањето на Новиот Range Rover SV, елегантниот рачно изработен керамички кружен декоративен елемент ги симболизира визијата, намената и страста коишто се во срцето на сите возила со знакот SV.

НАЈДОБРОТО СТАНУВА ПОЕКСКЛУЗИВНО

Никогаш не мируваат, постојано истражуваат. Желбата за беспрекорност е двигател на нашите специјалисти за дизајн, техничките визионери и искусните мајстори. Експериментирање,
соработка, амбиција, но никогаш компромис. Токму ние прашуваме „Што ако можеме нашето најдобро решение да го направиме попрефинето, подинамично, уште повеќе
Ваше?“.

НАЈФИНИТЕ ЗАВРШНИ ОБРАБОТКИ И МАТЕРИЈАЛИ

Прецизност кај деталите, опседнатост со перфекцијата. Деликатните материјали, бои и завршни обработки се главните карактеристики по коишто се издвојува SV. Погледнете ги керамичките детали во внатрешноста и на надворешноста на новиот Range Rover SV. Чист, а сепак јак материјал што го симболизира нашиот израз на модерен луксуз со глатка, ладна и конкретна завршна обработка - нешто што почесто се гледа во светот на луксузните часовници и накит.

ГРАДЕЊЕ НА УНИКАТНА ВРСКА ПОМЕЃУ ВОЗАЧОТ И МАШИНАТА

Техничкиот центар на одделението Special Vehicle Operations е наменски изграден центар на совршеност со површина од 20.000 квадратни метри. Центарот е поделен на четири главни зони: простории за нарачка за ВИП клиенти, погон за производство, погон за бојадисување и технички простории во стилот на Ф1, овој најсовремен процес создава специјални возила со ненадмината прилагодливост и луксуз.