ИСТРАЖЕТЕ RANGE ROVER VELAR

ИСТРАЖЕТЕ RANGE ROVER VELAR

РЕДУКТИВЕН ДИЗАЈН

Range Rover Velar Reductive Design

ПРЕЦИЗНИ ДЕТАЛИ

Range Rover Velar се одликува со внимателно избрани и префинети елементи, вклучувајќи ја украсната маска со новиот дизајн со бројни завршни обработки за да се оптимизираат пропорциите на возилото.
Range Rover Velar Reductive Design

ЧИСТА ЕЛЕГАНЦИЈА

Чистата елеганција на новата централна конзола во себе крие обемен простор за складирање и ја нуди погодноста за безжично полнење.

НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ

PIVI PRO ОД СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Нашиот наградуван систем за информации и забава Pivi Pro1 ги обединува сите елементи за контрола на новиот централен заоблен екран на допир од 11,4“. Создава прегледна и елегантна инструмент табла со интуитивна функционалност за јачината на звукот, клима уредот и приспособувањето на седиштата.
ПОТОНЕТЕ ВО ЗВУКОТ

ПОТОНЕТЕ ВО ЗВУКОТ

Доживејте го тридимензионалниот звук. Моќниот аудио систем MeridianTM емитира висококвалитетна репродукција на музиката преку дури 23 звучници и засилувач со моќност од 1.300 W.
ПОВРЗАНА ПОГОДНОСТ

ПОВРЗАНА ПОГОДНОСТ

Пакет Online2 обезбедува беспрекорна поврзливост со пристап до вметнати апликации како што се Amazon Alexa и Spotify. Ажурирањето со помош на технологијата SOTA (Software-over-the-air) се грижи Вашето возило секогаш да биде во тек.
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Уредот за безжично полнење и безжична поврзливост Ви овозможува да полните компатибилни паметни телефони и да го минимизирате нередот во кабината.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Изберете некои од бројните карактеристики што се дизајнирани за поедноставно и побезбедно возење и паркирање. Има многу иновативни технологии што се достапни за да го збогатат Вашето доживување при возењето.

СОВРЕМЕН ЛУКСУЗ

ЗАКРЕПНУВАЧКИ КОМФОР

Профилираните перничиња ја зголемуваат удобноста на седиштата. Удобноста на предните седишта се унапредува со нивното приспособување во 20 насоки, масажер и мемориска функција на седиштето за возачот. Задните седишта имаат функција за електромоторно навалување. Достапен е и дополнителен комфор со предни седишта со греење и ладење.

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНИ ПЕРФОРМАНСИ

ЕЛЕКТРИЧЕН ХИБРИД

Range Rover Velar плаг-ин електричниот хибрид (PHEV) го нуди најдоброто од сите светови, со хибридна технологија којашто комбинира електромотор со моќност од 105 kW и бензински мотор Ingenium. Уживајте во беспрекорното електрично возење со потврдена автономија до 65km**.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ХИБРИД

АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

65 KM**

WLTP Очекувана автономија во реални услови до 51 km.

CO2 ЕМИСИЈА (ОД)

38 G/KM**

Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV.

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ (ОД)

30 МИНУТИ

Полнење од 0 до 80 проценти за 30 минути преку брзо полнење со еднонасочна струја DC

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)

2,5 ЧАСОВИ

До 100 percent со помош на домашен полнач на наизменична струја АС со моќност од 7kW.

СПОСОБНОСТ КОЈАШТО ВЛЕВА САМОДОВЕРБА

Range Rover Velar Driving Dynamics
Range Rover Velar Optimum Traction
Range Rover Velar Adaptable Technologies

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ПО МЕРКА

УНИКАТНО ЗА ВАС

Бројни опционални пакети и додатоци. Избор на бои, тркала и опции за покривот. Тоа е Вашиот Range Rover Velar.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER VELAR

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER VELAR

Погледнете ја целата серија на модели.
RANGE ROVER VELAR

RANGE ROVER VELAR

Погледнете ги фактите и бројките
ИНОВАЦИИ

ИНОВАЦИИ

Технологија што го движи дизајнот.

††Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.

1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

2Може да се применува политика за фер користење. Стандардна претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

3Texcell research, 2020 изведено за Panasonic и резултати објавени од Panasonic.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.

Apple CarPlay® е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење за крајниот корисник на Apple Inc.

Android AutoTM е трговска марка на Google LLC.

App Store е трговска марка на Apple Inc.

Google Play Store е трговска марка на Google LLC.

MeridianTM е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. TrifieldTM и уредот „three fields“ е трговска марка на Trifield Productions Ltd.