Најчести прашања

ОТВОРИ ГИ СИТЕ
Што е Defender Trophy?
Што е натпреварувањето и која е наградата?
Дали е тоа трка?
Кој може да учествува?
Кои се критериумите?
Дали треба да бидам спортист за да се пријавам?
Јас сум лице со попреченост; дали можам да се пријавам?
Дали ќе се емитира на телевизија?
Кога ќе се одржи натпреварувањето?
Каде ќе се одржи глобалното финале?
Зошто сега?
Кои земји учествуваат?
Јас сум од земја што ја нема на списокот. Дали можам да учествувам?
Колку победници ќе има?

JAGUAR LAND ROVER LIMITED

DEFENDER TROPHY ПРЕДИЗВИК – ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

Овие одредби и услови („Одредби и услови“) се применуваат на предизвикот Defender Trophy („Натпреварување“), што ќе се одржи помеѓу јуни 2025 година и октомври 2026 година („Период на натпреварувањето“). Без оглед на обликот на избраната формулација, Jaguar Land Rover се обраќа кон сите полови подеднакво за цело време.

ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

1. Со учествување во Натпреварувањето го потврдувате Вашето прифаќање и се согласувате со овие Одредби и услови.

2. Промотор на Натпреварувањето е AW Distribution Kft. („Промотор“) компанија регистрирана во Унгарија: даночен број 10548938-2-44 и чијашто регистрирана канцеларија е на адреса: Szabadság utca 117/C, 2040 BUDAÖRS, HUNGARY. Контакт: landrover.makedonija@autowallis.com

3. Овие Одредби и услови се применуваат колку што законот дозволува, Ве молиме внимателно да ги прочитате пред да учествувате.

4. Овие Одредби и услови ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законот на Република Северна Македонија . Страните неотповикливо се согласуваат дека судовите на  Република Северна Македонија ќе имаат исклучива надлежност да решаваат за каков било спор или барање што произлегува од или е во врска со овие Одредби и услови и Натпреварувањето.

МОЖАМ ЛИ ДА УЧЕСТВУВАМ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕТО?

5. Учеството во Натпреварувањето е бесплатно (не е потребно купување).

6. Согласно клаузулите 7 и 9, Натпреварувањето е отворено за секој што ги исполнува барањата во клаузулата 8 подолу, со живеалиште во Република Северна Македонија во време на учество во Натпреварувањето и во тек на Периодот на натпреварување.

7. Ве молиме имајте во предвид пред да учествувате:

a) Натпреварувањето вклучува екстремно тешки физички и ментални предизвици; возење на возилата на Промоторот во секакви временски услови; и други непредвидени предизвици коишто можат да бидат надвор од контрола на Промоторот, каде што постојат неразделиви ризици од штета за учесниците и нивниот имот. Затоа, доколку кандидатот е успешно избран да учествува во Натпреварувањето, од него ќе се бара да даде дополнителни откажувања и изјави за одрекување од одговорност (вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на здравствени одрекувања и објави на слики); и

b) учесниците мораат да бидат спремни да живеат на отворено до 21 (дваесет и еден) ден во непосредна близина на други учесници, во потенцијално тешки климатски услови и сурови средини, како дел од Натпреварувањето;

c) Натпреварувањето може да биде непријатно и затоа не е препорачливо за оние коишто патат од проблеми со грбот или вратот, срцеви заболувања (или какви било други слични состојби). Исто така, натпреварувањето може да биде несоодветно за трудници. Промоторот им препорачува на учесниците пред да се пријават да проверат, со доктор или квалификуван медицински персонал, дали се соодветно подготвени, здрави и безбедни да учествуваат во Натпреварувањето. Промоторот може да бара доказ за такво здравствено одобрение од секој учесник; и

d) учесниците мораат да бидат подготвени за секакви временски услови и ќе бидат одговорни за обезбедување на нивна соодветна облека, обувки и опрема во очекување на различни екстремни временски сценарија (вклучувајќи но не ограничувајќи се на: водоотпорна облека, топла облека, заштитни и соодветни обувки за планинарење и искачување, крема за сончање итн.). Промоторот нема да биде одговорен за обезбедување на овие работи.

КРИТЕРИУМИ

8. За да има право на учество, секој учесник мора:

a) да ја пополни пријавата до 31 декември 2025 година;

b) да може да плива минимум 50 (педесет) метри без никаква помош;

c) да демонстрира дека може да комуницира на англиски јазик, што ќе биде јазикот на Натпреварувањето, да разбира детални упатства и да обезбеди информации и фидбек до други учесници во потенцијално опасни ситуации каде што точна, непосредна и јасна комуникација е од суштинско значење;

d) да е физички и ментално подготвен што е неопходно за управување со моторно возило, како и разумно ниво на физичка и ментална способност, бидејќи Натпреварувањето вклучува бројни физички и ментални тешки предизвици. Учесникот мора да има вид што ги исполнува законските барања што се применуваат за возачки дозволи во земјата каде што живее;

e) да е на возраст од најмалку 23 години поради барањата за осигурување на Организаторот и да има важечка возачка дозвола (Б категорија или еквивалентна странска дозвола со соодветните овластувања) што е меѓународно призната. Од учесниците ќе се бара да му ја покажат својата возачка дозвола на Организаторот и затоа треба да се погрижат да ја носат со себе на сите настани поврзани со Натпреварувањето;

f) да ја помине проверката за верификација на возачката дозвола што ќе им се испрати на учесниците преку веб-врска;

g) да е спремен да патува во странство доколку е прогласен за финалист (како што е дефинирано подолу);

h) да има важечки меѓународен пасош и не смее да биде предмет на никакви забрани за влез во други земји, бидејќи финалето на Натпреварувањето ќе се одржи на меѓународна локација што ќе ја открие Промоторот за време на Периодот на натпреварувањето. Успешните учесници ќе бидат одговорни за добивање визи и вакцинации (вклучувајќи какви било други документи потребни за патување до дестинацијата); и

(i) да немаат криминално досие.

9. Следните учесници нема да бидат подобни за учество во Натпреварувањето:

(a) сите што не ги исполнуваат критериумите наведени во клаузула 8 погоре;

b) кој било вработен (по договор или на неодредено), независен изведувач или приправник кој работи за Промоторот и/или неговите филијали (вклучувајќи но не ограничувајќи се на Jaguar Land Rover Limited) во време на учество на Натпреварувањето и за време на Периодот на натпреварувањето;

c) која било трета страна, вработен (по договор или на неодредено), независен изведувач, приправник или волонтер кој работи за или е поврзан со која било компанија првенствено вклучена во производство, продажба или дистрибуција на автомобили; и/или

d) секој што во моментот страда од каква било физичка или ментална состојба што би ја ограничила или нарушила неговата будност или способност за возење.

10. Со учеството на Натпреварувањето учесниците потврдуваат дека се подобни за тоа и подобни за преземање на каква било награда што можеби ќе ја освојат. Само Промоторот ќе одлучи дали некое барање за подобност е исполнето или не и таквата подобност може да се отповика во кое било време за време на Натпреварувањето. Промоторот може да побара доказ или потврда од учесниците пред доделување на наградите.

11. Натпреварувањето се отвора на 1 септември 2025 година, а се затвора на 31 декември 2025 година („Датум на затворањето“) заклучно. Пријавите поднесени по Датум на затворањето автоматски се дисквалификуваат.

12. Учесниците можат да поднесат до 1 (една) важечка пријава. Какви било дополнителни пријави нема да важат ниту ќе бидат подобни за победа.

13. Натпреварувањето ќе бара пристап до: мобилен телефон; сметка за е-пошта; компјутер; и пристап до интернет - Промоторот не ги обезбедува овие детали.

14. Промоторот го задржува правото да ја дисквалификува која било пријава што не е во согласност со овие Одредби и услови или ако однесувањето на учесникот е во спротивност со духот или намерата на Натпреварувањето во текот на Периодот на натпреварувањето.

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА

15. За да пристапат до пријавата (како што е дефинирано подолу), сите учесници мораат прво да го покажат својот интерес преку пополнување на формуларот за изразување интерес „Информирајте ме редовно”, достапен тука: https://macedonia.landrover.com/defender-trophy-form(„Изразување интерес“). Поднесувањата можат да се направат од 19 јуни 2025 година. По поднесувањето на пријавата, подобните учесници ќе добијат персонализиран формулар за пријавување. Овој формулар за пријавување, вклучувајќи видео компонента (како што е дополнително опишано во формуларот за пријавување), мора да се поднесе најдоцна до 31 декември 2025 година. По овој датум нема да се прифаќаат никакви поднесувања.

16. Промоторот ќе испрати линк за учество во Натпреварувањето на адресата за е-пошта наведена од учесникот во својот формулар за Изразување на интерес, најдоцна до 31 декември 2025 година.

17. Согласно клаузулите 15 и 16, сите учесници коишто се поканети да се пријават по нивното регистрирање на интерес мораат да го пополнат формуларот за пријавување и да го поднесат преку методата што им е соопштена најдоцна до 31 декември 2025 година.

18. Само пријавите што се целосно одговорни, правилно пополнети и поднесени ќе се сметаат за важечки пријави.

19. Ако, од која било причина, дојде до технички прекин, дефект на опрема, дефект на телефон, мрежа, сервер, дефект на компјутерски хардвер или софтвер или дефект на страницата или поштенски дефект и Натпреварувањето не може да се одвива како што е планирано или пријавите не се примени или валидно поднесени или Наградата (како што е дефинирано подолу) е одложена, Промоторот го задржува правото да го откаже, прекине, измени или суспендира Натпреварувањето ако е потребно.

20. Промоторот не презема никаква одговорност за непотполни пријави или пријави што се изгубени, зафрлени, оштетени или задоцнети при преносот (без оглед на причината) и сите такви пријави ќе се сметаат за неважечки. Промоторот нема да прифати доказ за испраќање или пренос како доказ за прием на пријава за Натпреварувањето.

21. Учесниците (и понатамошните „Локални натпреварувачи“) не смеат во ниту еден момент за време на Натпреварувањето, да прикажуваат или објавуваат какви било политички слогани или хомофобичен јазик, слики со вулгарна содржина или експлицитна сексуална природа, слики што содржат лого знаци на натпреварувачи и јасно спонзорство од бренд или што било друго што се смета за маркетинг од заседа или злоупотреба на Промоторот и/или Jaguar Land Rover Limited, содржина што е клеветничка, непристојна, незаконска, вулгарна, навредлива или на друг начин несоодветна или ги повредува правата на другите (вклучувајќи ги правата на интелектуална сопственост) или негативно се одразува на Промоторот или Jaguar Land Rover Limited. Секој учесник се согласува и потврдува дека какво било прекршување на оваа клаузула ќе предизвика значителна штета и загуба за Промоторот и Jaguar Land Rover Limited.

22.Промоторот го задржува правото да го откаже, прекине, измени или суспендира Натпреварувањето ако е потребно.

ПРВ КРУГ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

23. Избрана група учесници коишто успешно го пополниле Формуларот за пријава и ја поднеле бараната видео содржина ќе бидат избрани од сите важечки поднесени пријави од страна на жири комисија од експерти составена од професионалци од областа на настани и маркетинг, по завршување на процесот на пријавување и најдоцна до 15 февруари 2026 година („Локалните натпреварувачи“).

24. Локалните натпреварувачи одредени од страна на жири комисијата ќе бидат конечни.

25. Со Локалните натпреварувачи ќе се контактира преку е-пошта и/или телефонски користејќи ги податоците за контакт наведени во нивниот Формулар за пријавување и од нив ќе се побара да потврдат: дека ја прифаќаат поканата да се натпреваруваат во настанот за локална селекција; дека ги исполнуваат барањата за подобност поставени во клаузулите 8 и 9 од овие Одредби и услови; и дека се достапни да се натпреваруваат во Глобалното финале (дефинирано во клаузула 31). Доколку некој Локален натпреварувач не може да потврди кој било од горенаведените детали во рок од 14 (четиринаесет) дена од контактот, Промоторот го задржува правото да го одземе нивното место во настанот за локална селекција и да му го понуди на алтернативен учесник по сопствено дискреционо право.

26. Одговорност на секој учесник е да гарантира дека податоците за контакт што се наведени во неговиот Формулар за пријава се точни за известување наведено во клаузула 25 погоре.

27. Имињата и сликите на Локалните натпреварувачи можат да бидат јавно објавени по исклучива дискреција на Промоторот.

28. Од Локалните натпреварувачи ќе се бара да учествуваат во настанот за локална селекција на датум што ќе биде потврден во Лес Комес, Шпанија, каде што ќе учествуваат во бројни авантуристички предизвици.

29. Промоторот ќе ги покрие следните трошоци направени од Локалните натпреварувачи поврзани со Натпреварувањето: летови, сместување и оброци, под услов јасно да се покаже дека се поврзани со учествувањето. Промоторот нема да биде одговорен за какви било други трошоци поврзани со учествувањето во настанот за локална селекција и нема да биде одговорен за организација на таквите трошоци.

ГЛОБАЛНОТО ФИНАЛЕ

30. Успешните Локални натпреварувачи ќе бидат избрани како финалисти од страна на стручното жири на настанот за локална селекција („Финалисти“). Финалистите ќе да бидат избрани по исклучива дискреција на стручното жири според нивниот критериум за селекција и таквата одлука ќе биде конечна.

31. Финалистите ќе се натпреваруваат во глобалното финале на Натпреварувањето против други финалисти од целиот свет во октомври 2026 година.

32. Сите финалисти ќе се натпреваруваат во тимови во Глобалното финале. Меѓутоа, Финалистите ќе бидат оценувани индивидуално, а не како тим. Формирањето на тимот ќе биде исклучива дискреција на Промоторот. Промоторот може да ги прераспореди членовите на тимот во кој било момент за време на Глобалното финале.

33. Финалисти можат да бидат елиминирани од Глобалното финале по исклучива дискреција на стручното жири, во кој било момент. Кои било елиминирани Финалисти повеќе нема да имаат право да се натпреваруваат во Глобалното финале ниту пак ќе имаат право да победат во Натпреварувањето.

34. Промоторот ќе го обезбеди целото неопходно сместување, патување, специјална облека, техничка опрема и аранжмани за исхрана/оброци за да им овозможи на Финалистите да настапат на Глобалното финале и ќе ги сноси трошоците за истите (во согласност со политиката за патување и трошоци на Промоторот).

35. Во согласност со клаузула 34 погоре, Финалистите се одговорни за покривање на сите други ставки и трошоци, вклучувајќи но не ограничувајќи се на: нивната виза, пасош, вакцинации, патничко осигурување и други придружни трошоци и расходи. Финалистите потврдуваат и се согласуваат дека Промоторот нема да биде одговорен за какви било трошоци и/или расходи (освен оние наведени во клаузулата 34) за настапување на Глобалното финале.

ПОБЕДНИЦИ & НА НАГРАДАТА

36. Во согласност со клаузула 33, победниците ќе бидат селектирани од преостанатите Финалисти од страна на стручното жири на крајот на Глобалното финале на Датумот на затворањето („Добитникот(ниците)“).

37. Во согласност со клаузула 32, Победниците ќе бидат избрани поединечно, а не како тим. За да се избегне сомнеж, можеби ќе има некои Победници избрани од тим каде што некои членови на тимот нема да бидат избрани како победници.

38. Победниците одредени од стручното жири ќе бидат конечни и по исклучивата дискреција на жирито.

39. Победниците ќе бидат одредени и објавени на Глобалното финале и наградите ќе им се доделат лично. Победниците може да бидат објавени и преку YouTube каналот „Defender“ на Jaguar Land Rover Limited по исклучивата дискреција на Jaguar Land Rover Limited.

40. Секој Победник ќе ја освои наградата. Наградата е за Победниците да имаат можност да учествуваат во експедиција во земјата во којашто е лоцирано Глобалното финале, како тим, каде што ќе даваат битна помош за значајни цели, користејќи сѐ што научиле за време на Натпреварувањето во октомври 2026 година („Награда“).

41. Нема алтернативни награди, а Наградата е непренослива, непроменлива и не може да се исплати во пари. Наградата не може да ја преземе трета страна во име на кој било победник.

42. Ако Промоторот дополнително открие дека кој било Победник не е подобен или дека кој било Победник ги прекршил овие Одредби и услови, или ако се посомнева на нечесна игра или неетичко однесување според овие Одредби и услови, тогаш Промоторот го задржува правото да не ја додели Наградата на таков Победник, а жирито ќе избере друг Финалист како Победник.

43. Ако понудената Награда е недостапна, откажана или суспендирана поради околности надвор од контрола на Промоторот, тогаш Промоторот нема да може да понуди алтернатива и нема да сноси каква било понатамошна одговорност кон Победниците. Победниците нема да имаат право на каков било паричен еквивалент или компензација за трошоци и расходи што се појавиле или ги претрпеле во врска со преземањето на Наградата.

44. Победниците прифаќаат дека Наградата би можела да биде откажана или суспендирана од која било причина надвор од контрола на Промоторот.

45. Во случајот да кој било Победник не може да ја преземе Наградата од која било причина, тогаш тој мора веднаш да го извести Промоторот. Во тој случај Промоторот го задржува правото да му ја понуди Наградата на друг Финалист. Промоторот не прифаќа каква било одговорност ако Победникот не може да ја преземе Наградата.

46. Победниците потврдуваат и се согласуваат дека Промоторот нема да биде одговорен за какви било трошоци и/или расходи (вклучувајќи но не ограничувајќи се на даноци) за преземање на Наградата.

47. Во сите случаи, одлуката на Промоторот е конечна и нема да се води никаква кореспонденција.

48. Победниците не смеат, додека учествуваат во Наградата, да прикажуваат или објавуваат какви било политички слогани или хомофобичен јазик, слики со вулгарна содржина или експлицитна сексуална природа, слики што содржат лого знаци на натпреварувачи и јасно спонзорство од бренд или што било друго што се смета за маркетинг од заседа или злоупотреба на Промоторот и/или Jaguar Land Rover Limited, содржина што е клеветничка, непристојна, незаконска, вулгарна, навредлива или на друг начин несоодветна или ги повредува правата на другите (вклучувајќи ги правата на интелектуална сопственост) или негативно се одразува на Промоторот или Jaguar Land Rover Limited. Секој учесник се согласува и потврдува дека какво било прекршување на оваа клаузула ќе предизвика значителна штета и загуба за Промоторот и Jaguar Land Rover Limited.

СНИМАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ

49. Како услов за учество во Натпреварувањето, од сите учесници ќе се бара да учествуваат во промотивно фотографирање и снимање од страна на Промоторот за време и по нивното учество во Натпреварувањето и Наградувањето и затоа ќе се бара да потпишат формулар за писмено откажување од снимање филмски материјал што ќе го обезбеди Промоторот до сите учесници/Локални натпреварувачи на или пред настанот за локална селекција. Со потпишување на формуларот сите учесници/Локални натпреварувачи се согласуваат дека Промоторот ќе го има правото да ги користи сите промотивни материјали што произлегуваат од тоа во кој било медиум и на кој било начин што Промоторот го смета за соодветен.

50. Од сите учесници ќе се бара да го документираат нивното искуство од процесот на Натпреварувањето од моментот кога се известени дека се избрани како Локален натпреварувач па сѐ до моментот кога се елиминирани од Натпреварувањето или, ако се одредени како победник, сѐ до крајот на Наградувањето. Учесниците треба да го документираат нивното искуство од процесот на Натпреварување преку фотографии и видео снимки, кои Промоторот ќе ги користи за да го промовира и претставува Натпреварувањето во сите медиуми низ целиот свет, за трајно користење („Содржина генерирана од корисникот“);

51. Во согласност со клаузулата 50 погоре, учесниците и Победниците се согласуваат дека Промоторот и Jaguar Land Rover Limited ќе имаат и со тоа им го доделуваат на Промоторот и Jaguar Land Rover Limited правото да ја задржат ексклузивната неотповиклива лиценца за целиот свет за Содржина генерирана од корисникот за користење и овластување за користење во сите медиуми, вклучувајќи но не ограничувајќи се на веб-локациите на франшизните продавачи, NSC и увозници на Промоторот, Jaguar Land Rover Limited и Jaguar Land Rover Limited каналите на социјалните медиуми, веб-локациите на трети страни (или делови од нив) кои се под контрола на Jaguar Land Rover Limited или нејзините агенции (вклучувајќи но не ограничувајќи се на Instagram, Twitter, TikTok и YouTube), социјалните мрежи и портали, како и настаните во сопственост на Промоторот, Jaguar Land Rover Limited или неговите франшизни продавачи или настаните одржани во соработка со партнери одобрени од Промоторот) и соопштенија за медиумите за трајно користење.

ОБВРСКИ

52. Ниту Промоторот, ниту Jaguar Land Rover Limited ниту пак неговите филијали, застапници, службеници, продавачи, носители на франшиза, спонзори или вработени нема да бидат одговорни (до степен што е дозволен со законот) за каква било загуба, штета или повреда, вклучувајќи смртен исход, на кој било учесник и/или нивниот имот што произлегува од организирање или одржување на ова Натпреварување или како резултат на освојување, учествување, добивање или славење на наградата и/или Натпреварувањето од страна на Победникот, или ако Натпреварувањето не се одвива според планираното.
Ова не се однесува на одговорност за (а) смрт или лична повреда предизвикана од небрежност на која било страна наведена погоре, (б) измама или лажно претставување, (в) каква било друга работа за којашто би било незаконски да се исклучи или да се обиде да се исклучи одговорноста, (г) штети што произлегуваат од намерно или грубо небрежно кршење на должноста, или (д) штети што произлегуваат од кршење на битните договорни обврски, во којшто случај одговорноста треба да биде ограничена на обична предвидлива штета. Каква било понатамошна одговорност е исклучена. Вашите законски права не се засегнати.

53. Ниту Промоторот, ниту Jaguar Land Rover Limited ниту пак неговите филијали, застапници, службеници, продавачи, носители на франшиза, спонзори или вработени нема да бидат одговорни (до степен што е дозволен со законот) за какви било медицински трошоци, трошоци за репатријација или последователни трошоци што произлегуваат од болест или повреда на кој било учесник, Победник и/или која било трета страна во текот на Натпреварувањето и/или за време на кое било потребно патување.

54. Промоторот може да ги измени овие Одредби и услови или да го откаже Натпреварувањето по своја апсолутна дискреција и без да преземе одговорност како резултат на тоа освен ако Наградата е веќе доделена.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

55. Со учество во ова Натпреварување Вие (без оглед дали како учесник, Локален натпреварувач и/или Победник) разбирате дека Промоторот (и неговите застапници, изведувачи или членови на група во негово име) може да ги обработува, складира, дистрибуира и/или користи информациите (вклучувајќи ги личните податоци) што ги наведувате во Вашиот Формулар за пријавување и во процесот на учествување:

а) за да им се овозможи да го администрираат Вашето учество во Натпреварот, вклучувајќи го одлучувањето за тоа дали е во согласност со овие Одредби и услови;

б) за да Ве извести ако сте Локален натпреварувач, Финалист и/или Победник. Доколку сте Локален натпреварувач, Финалист и/или Победник се согласувате дека Промоторот може да ги објави или да ги направи достапни на барање Вашето име, земја/град, слика и содржина генерирана од корисникот;

в) да споделува со организации што помагаат во спроведување на Натпреварувањето и исполнување на Наградите; и

г) да Ве покани да учествувате во идни натпреварувања што ги организира Промоторот и/или настани поврзани со ова Натпреварување.

Правната основа за обработка на личните податоци под секциите а) до в) е Член 10(1)(б) од Законот за заштита на личните податоци – исполнувањето на договор, имено извршувањето на Натпреварувањето. За секција г), правната основа е легитимен интерес согласно Член 10(1)(ѓ) од Законот за заштита на личните податоци, имено промоцијата на понатамошни, слични натпреварувања и формати на настани. Давањето на личните податоци што се бараат во Формуларот за пријавување и какви било дополнителни информации што се бараат во текот на Натпреварувањето не е задолжително со закон; меѓутоа, тоа е неопходно за учество во Натпреварувањето. Без давањето на овие податоци учеството не е можно.

Имињата на учесниците/Локалните натпреварувачи/Победниците и контакт информациите што се користат за цели на ова Натпреварување ќе бидат задржани за период од [12] месеци од Датумот на затворањето.

56. Податоците ќе се обработуваат во согласност со (i) која било легислатива за заштита на податоци што повремено е на сила во ОК, вклучувајќи го Законот за заштита на податоци 2018 или која било следна легислатива; и (ii) сѐ додека и до мерка до која законот на ЕУ има правен ефект во ОК, Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) ((ЕУ) 2016/679), и која било друга директно применлива ЕУ регулатива во однос на приватноста.

57. Подетални информации за тоа како Промоторот ги обработува податоците погледнете во Политиката за приватност на Промоторот: https://www.jaguarlandrover.com/privacy.

58. Ако имате какви било прашања во врска со тоа како се обработуваат Вашите податоци, Ве молиме контактирајте landrover.makedonija@autowallis.com.