НОВИОТ RANGE ROVER

ПИОНЕРСКИ ИНОВАЦИИ
НОВИОТ RANGE ROVER
Range Rover има богата семејна лоза на пионерски иновации и продолжува да го ревидира правилникот за прецизност и квалитет.

ИНОВАЦИИ ОВОЗМОЖЕНИ ПРЕКУ ДИЗАЈН

Нашата визија за модерен дизајн е овозможена преку комбинирање на најсовремените инженерски техники и интуитивните технологии.

DESIGN ENABLING INNOVATION

Глатката површина на кровот што е ласерски заварена обезбедува беспрекорен финиш како поддршка на нашата филозофија на дизајн. Рамните елементи изгледаат како да се изработени од еден дел и ја унапредуваат аеродинамиката. Заоблениот раб на вратата се спојува со стаклото со едноставен, јасен крај благодарејќи на завршниот дел со скриена заштитна лента. Дигиталните ЛЕД фарови на Range Rover се карактеризираат со микропроцесор што е водечки во индустријата и 1,2 милиони микроогледала. Овие фарови можат да се фокусираат на 16 предмети истовремено и да ги отстранат одблесоците. Како први во светот, овие скриени додека не светнат задни светла, изгледаат како разиграни црвени ЛЕД светилки кога работат. А кога не работат, се чинат како уникатна сјајна црна графика.

КАТЧЕ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Системот за активно елиминирање на бучавата и софистицираната платформа од метална легура создаваат една од најтивките кабини на кое било друмско возило.

Системот Активно елиминирање на бучавата од следната генерација ги елиминира несаканата бучава, вибрациите и разните елементи што Ви го одземаат вниманието. Овој систем го намалува когнитивниот товар врз возачот и неговите сопатници и се грижи сите патници во возилото да пристигнат свежи на нивната дестинација. Звучниците за елиминирање на бучавата поставени во наслоните за глава, први во светот, создаваат индивидуални тивки зони за врвна префинетост на кабината. На надворешната страна на Вашиот Range Rover се поставени четири акцелерометри и микрофони што ги набљудуваат вибрациите, бучавата од пневматиците и звуците од моторот и создаваат сигнал за елиминирање што се емитира преку 35те главни звучници на возилото. Инженерските подобрувања придонесуваат за подобро одведување на бучавата за 24 проценти дури и пред да се користи системот Активно елиминирање на бучавата.

БЕСПРЕКОРНО ИНТЕГРИРАН

Вистинскиот модерен луксуз бара напредни карактеристики што се беспрекорно интегрирани и секогаш се во тек.

Напредни карактеристики ‑ вклучувајќи ги Amazon Alexa, системот Далечинска помош при паркирање1, и Pivi Pro2 системот за информации и забава ‑ се беспрекорно интегрирани, едноставни за користење и подеднакво важни. Благодарејќи на ажурирањата преку технологијата SOTA (software‑over‑the‑air), Range Rover се подобрува како што расте.

ЕЛЕКТРИФИЦИРАНИ ПЕРФОРМАНСИ

Новата платформа на Range Rover обезбедува основа за ефикасни погонски системи вклучувајќи го плаг-ин електричниот хибрид (PHEV) со продолжена автономија. Целосно електричниот Range Rover ќе му се придружи на семејството во 2024 година како лидер на нашиот пат кон електричната иднина.

ДНЕВНИ ПАТУВАЊА

75 ПРОЦЕНТИ

Со целосно електрична автономија од 113 km, 75 проценти од дневните патувања3 можат да се поминат во режим на струја.

АВТОНОМИЈА (ЕV) ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

113 KM **

WLTP. Очекувана автономија во реални услови до 88 km.

CO2  ЕМИСИЈА (ОД)

18 G/KM **

Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV.

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

<60 MINS

Полнење до 80 проценти за <60 mins with DC rapid charging4.

MLA-FLEX

Платформата со модуларна надолжна архитектура (MLA-Flex) од метална легура обезбедува совршена основа за ново ниво на комфор и префинетост.

MLA-FLEX
MLA-FLEX

Новиот дизајн на структурата на Range Rover ги урамнотежува тежината, јакоста и крутоста. Новата каросерија MLA-Flex е за 50 проценти покрута, а инженерските унапредувања придонесуваат за подобро одведување на бучавата за 24 проценти. Со комбинирање на најсовремените инженерски техники со 260.000 виртуелни тестови и 1,2 милиони km тестирања на прототипот, Range Rover е робустен, софистициран и е поим за квалитет.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

Range Rover е пример за останатите.
МОДЕЛИ НА RANGE ROVER

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER

Погледнете ја целата серија на модели.
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ги фактите и бројките.

**Погледнете ги WLTP вредностите

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

1Достапен од средината на 2022 година.

2Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

3Претпоставува полнење само во домашни услови и времињата се врз база на податоци од анонимно испитување на сопствениците на Range Rover.

4Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.​

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.​ Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.