ОДЛУЧНА ТРАЈНОСТ
Со визуелно неодоливи пропорции, карактеристичен став „успешен каде и да оди“ и трајност во својата срж, тоа е Land Rover Defender. Способен за големи нешта, повторно создаден за 21 век.
Експерт од светска класа за теренско и друмско возење. Изгледа силен каков што навистина и е.
Го има истиот карактеристичен став „успешен каде и да оди“ како и моделот 90 но со повеќе простор и опција за трет ред на седишта.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Defender е способен за друмско возење исто како што е и за теренско возење. Системот од светска класа, Теренска реакција којашто може да се конфигурира*, нуди смирено возење по секаков терен за да одите понатаму. Сега можете да откриете за што сте навистина способни.
Препознатливата, убедлива силуета на Defender е едноставна но сепак популарна.
Со својот поголем слободен простор под возилото, зајакнатата конструкција на каросеријата и внатрешност што може да издржи секаков удар, Land Rover Defender е нашето најсилно возило досега.
Инспирирани од вашиот паметен телефон, нашите најинтуитивни технологии-за-автомобил досега гарантираат оптимална поврзливост, врвна удобност и прегледност. Defender е повторно создаден за 21 век.
Силен, траен и извонредно функционален, Land Rover Defender е интересна приказна за вклучување на емоциите во дизајнот и севкупноста на инженерството.
*Опционална каратеристика, достапна како дел од пакет.