ФАМИЛИЈАТА RANGE ROVER

НЕСПОРЕДЛИВО НАСЛЕДСТВО

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА
<div id="family">ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА</div>
RANGE ROVER

Врвниот Range Rover


– Препознатлива, легендарна силуета
– Прекрасно опремена внатрешност за луксузен комфор
– Опција за големо меѓуоскино растојание
– Пакет од напредни технологии
– Длабочина на минување низ вода: 900mm

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

RANGE ROVER SPORT

Најдинамичниот Range Rover


– Кокпит фокусиран кон возачот
– Трансформативна друмска динамика
– 0-100km/h за 4,5 секунди со моторот LR-V8
– Опција за 5+2 седишта
– Целосно алуминиумска конструкција на каросеријата

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

RANGE ROVER VELAR

Авангардниот Range Rover


– Сигурно и комфорно возење во коешто навистина се ужива
– Опционални матрикс-ласер ЛЕД фарови
– Рамни кваки на вратите
– Пакет од напредни технологии
– Опционална внатрешност со премиум мебел штоф и антилоп материјал

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВИОТ RANGE ROVER EVOQUE

Вистински момент да ја видите нашата креација.


– Уникатна coupé силуета
– Современа внатрешност
– Интуитивни и иновативни технологии
– Управливост при друмско и теренско возење
– Способност за секакви временски прилики

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ДНК НА RANGE ROVER
НЕНАДМИНАТА ПРЕФИНЕТОСТ

Со неспоредливите дизајнерски детали и одличното ниво на комфор и способност што им е врежано во сржта, секое возило од фамилијата на Range Rover нуди возење со голема префинетост. Претставувајќи ги најделикатните атрибути на еден луксузен SUV, во секој детаљ што го гледате и што можете да го допрете се манифестира постојаната потрага по совршенството.

СОВРЕМЕНА ЕЛЕГАНЦИЈА

Секое возило на фамилијата Range Rover нуди оптимално ниво на комфор и способност. Секое возило има директно потекло од првото возило што го произведовме. Времињата и стиловите можеби се сменија, но изработката и вродените способности останаа исти.

СОФИСТИЦИРАН ЛУКСУЗ

Range Rover е навистина уникатен. Неговите три класични линии, долната нагласена графика, лебдечкиот покрив и непрекинатата средна линија му даваат современ изглед на секое возило од фамилијата. Надополнети со внимателно изработените дизајнерски детали и завршни обработки, секој член на фамилијата има јасна префинетост и софистициран карактер.

ДИЗАЈНЕРСКО И ИНЖЕНЕРСКО СОВРШЕНСТВО

Со способноста што ја носи во своето срце, Range Rover е врвната „оди насекаде“ фамилија од возила. Без оглед дали сакате да се „борите“ со градскиот метеж или да ги совладувате најкомплицираните патеки за теренско возење, тоа можете да го направите со најголема самодоверба. Кое било возило да го изберете ќе видите дека тоа изгледа и оди како ниедно друго.

Фамилијата Range Rover зрачи со префинетост и софистицираност, од неспоредливата елеганција на нашиот знаменосец, до уникатниот карактер на Evoque.

ГЕРИ МЕКГАВЕРН (GERRY MCGOVERN)

ДИРЕКТОР ЗА ДИЗАЈН И ГЛАВНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА КРЕАТИВНОСТ