Лав, леопард, носорог, слон и бивол. Овие цицачи се познати како „Големата петорка“ на Африка и се предводници на мисијата на континентот за заштита на неговите загрозени видови. Тие се и имиња на секој од петте возила на Defender што беа пратени во Кенија за да го поддржат овогодишниот маратон.
Додека тркачите се бореа со големата жештина на Африканските рамнини, Defender беше тука да ги поддржи учесниците, да го превезува медицинскиот персонал и редарите на трката таму каде што беа потребни, како и да ги префрла медиумските екипи околу патеката преку предизвикувачкиот терен.
Значењето на овој настан се протега многу подалеку од целната линија. Средствата собрани преку маратонот играат клучна улога во поддршка на напорите за зачувување на резерватот. Но, неговото влијание не завршува тука.
Препознавајќи ја сложената врска помеѓу дивиот свет и заедниците, маратонот, исто така, ги канализира ресурсите за поддршка на локалната заедница, инвестирајќи во образованието и здравствената заштита за оние што живеат во близина на областа опфатена со проектот за заштита на дивиот свет во Лева.
Во текот на учеството на Defender на маратонот, ги поврзавме учесниците и поборниците со заедниците што ги поддржуваат. Превезувајќи и организирајќи настани во блиските села, ги сплотивме луѓето за да ги видат проектите за образование и инфраструктура што имаат позитивно влијание на локалните животи секој ден.
Токму проектите како овој се пример за заедничката мисија на Defender и Таск за надминување на предизвиците во Супсахарска Африка. Сепак, креирањето реална промена е маратон, а не спринт.