СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

ОД МОДЕРНИ ПОСТРОЈКИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ ДО ИСТОРИСКИ ПРОВЕРКИ, ЈА НУДИМЕ НАЈДОБРАТА ГРИЖА ЗА ВАШИОТ LAND ROVER.

СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

Нашиот Сервис за сопствениците на возила е екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран оригинален сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Land Rover без оглед на нивната старост.

СЕРВИСИРАЊЕ

Редовното сервисирање е битен дел од одржувањето на класик возилата. Затоа создадовме уникатни опции за серивисирање коишто се копија на проверките изведувани во времето на производство на моделот и ги комбинираме со нашето денешно техничко знаење. Сите активности се запишуваат во вашата сервисна книшка од Jaguar Land Rover Classic Works што ќе ви помогне да ја одржувате вредноста на вашето возило и ќе го заштити вашиот имот.

РЕСТАВРИРАЊЕ


Каква и да е физичката состојба на вашето возило, нашите стручни лица од одделението за класик возилата Classic ви стојат на располагање за да го вратат првобитниот раскош на возилото. Нашите услуги при реставрацијата се поделени во осум фази. Почетен преглед и проверка на деловите, расклопување, чистење, поправка на каросеријата и реновирање на деловите па сè до повторната склопување на возилото. Секоја фаза од реставрацијата е педантно изведена од страна на квалификувани техничари со што се гарантира за вкупната автентичност на вашето класик возило.

LAND ROVER CLASSIC

ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

Со гордост го претставуваме новиот објект за погонот за Jaguar Land Rover Classic. Екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили, наша цел е да го понудиме најдоброто во реставрирањето.
АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ

АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ

Оживување на историјата со прецизно обновување на класик возилата на Land Rover во ограничена серија, вклучувајќи го легендарниот Land Rover од серијата I и оригиналните возила Range Rover со две врати.
ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

Одделот Оригинални делови обезбедува оригинални делови за класик возилата на Land Rover за илјадници клиенти ширум светот и негова главна цел е да понуди услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални делови за клиентите што се грижат за постари возила.
CLASSIC EXPERIENCES

CLASSIC EXPERIENCES

Не мора да имате класик возило на Land Rover за да искусите колку е возбудливо зад воланот на овие возила. Нашата програма Classic Experiences нуди уникатна можност да го доживеете духот, романсата и возбудата на минатото на Land Rover.