Главниот аеродром на островот Вагар е мал и за да стигнам до Торшавн, главниот град на Фарските Острови што се наоѓа на соседниот остров Стрејмој, возам низ неосветлен тунел под морето што ги поврзува островите. Фаровите на мојот Discovery Sport откриваат детали на карпестите ѕидови и пред да се занесам во мислите за океанот над мене, излегувам од тунелот и се возам долж брановидните патишта со една коловозна лента. По мирното патување од 45 минути запирам пред хотелот Føroyar, дом на ресторанот KOKS. Хотелот се наоѓа над Торшавн и од него се простира поглед на градот, океанот и на соседните острови.
За да стигнете до Киркјубоур, патувате на југ од Торшавн, а патиштата стануваат пострмни со тесни свиоци. Discovery Sport се чувствува како да е залепен за коловозот и го одржува контактот со патот и во најтесните свиоци. Добро е да обрнете дополнително внимание кога возите по овие патишта бидејќи локалните овци во галоп се спуштаат по ридовите побрзо од која било друга овца, а често и скокаат пред вас. Според локалните закони вие сте одговорен ако удрите овца – треба веднаш да ја тргнете настрана и да ја контактирате полицијата за да се види колкава компензација бара фармерот. Успорувам и внимавам на овците што пасат веднаш до патот.
Јоанес Патурсон е 17-та генерација од неговата фамилија што има фарма на оваа земја. Застанувам крај дрвената селска куќа што се наоѓа на јужниот брег на Стрејмој.
Јоанес е облечен во традиционална фарска облека, во волнена јакна со украсни метални копчиња и кондури со тока. Ме пречека со рог од овен наполнет со аквавит, скандинавски традиционален алкохолен пијалак. Ова е голема чест. Други луѓе на коишто им е приредено добредојде тука се Кралицата на Данска и Принцот од Монако. Тие дојдоа да вечераат кај Јоанес во неговата трпезарија со ѕидови од махагони што датира од 1000-тата година и е во внатрешноста на една од најстарите дрвени конструкции во светот.
Следниот ден, Јоанес е облечен за работа на фармата, во дебел волнен џемпер и робустни обувки. Покажува на стрмните ридови околу фармата каде што пасат некои од неговите 380 овци. За разлика од овчарството во некои други земји, фарските овци се диви. Во најдобар случај, Јоанес ќе ги собере своите овци пет пати во годината, за систематски здравствен преглед, вградување микрочип, стрижење и на крај за клање. „Луѓето коишто ми помагаат не се вработени тука, тие се доброволци. По клањето им се плаќа со еден овен, една овца и едно јагне и добиваат право на лов на зајци на фармата“.
Овие ридови не се единственото место каде што пасат неговите овци. Секој септември, Јоанес превезува со чамец неколку овци до блискиот остров, со намера да ги остави таму. Ги собира јагнињата што се родени по неговата последна посета и ги носи дома. Тој се смее кога ќе се сети на лошите временски услови за патување со чамец и за ситуацијата кога „татко ми ја убеди новоформираната хеликоптерска служба да ги пренесе овците на островот“. Некои овци влегоа во просторот за патници, останатите се вртеа во кошарата под хеликоптерот. „Секогаш наоѓаме начин за малку забава“.
Тревата на овој остров мора да е многу слатка. Ресторанот KOKS неодамна купи дел од овие јагниња за едно од нивните нови јадења. Тоа може да биде и друга главна состојка. Секое зимо, овците се симнуваат до водата за да се хранат со морска трева. Јоанес смета дека тоа е околу 10% од нивната исхрана и го збогатува вкусот на месото.
Пред да си одам, Јоанес ме однесе до неговата колиба за сушење во којашто се обесени бројни трупови од овци што се во процесот на раест. Труповите на овните имаат поостар и појак мирис од труповите на овците, но сите се покриени со фин слој од бели бактерии што го обележеуваат текот на ферментацијата. Секој труп веќе е резервиран за одреден клиент којшто со нетрпение ја очекува својата годишна гозба.
ОТКРИЈТЕ САМИ ЗОШТО Е DISCOVERY SPORT ТОЛКУ ИСКЛУЧИТЕЛЕН
2 ЗА ОТКРИВАЊЕ