Уште од претставувањето на првиот Range Rover во 1970 година, возилото постојано се развива. Најлуксузниот SUV во светот се карактеризира со врвно ниво на софистицираност, вродена способност и инспиративен дизајн, коишто заедно со технолошките предности го одвојуваат ова возило од останатите. Да се навратиме на историјатот на серијата луксузни SUV возила позната како фамилијата Range Rover.
1994 - Втора генерација на Range Rover
Полуксузен од својот претходник, нагласените дизајнерски детали на возилата од втора генерација, како што се легендарната силуета и воведувањето на четириаголни фарови наместо кружните го издржаа тестот на времето, правејќи го возилото веднаш препознатливо до денешен ден.
2001 - Трета генерација на Range Rover
Со својот постојан развој, овој Range Rover стана првиот модел со монокок каросерија. Инспирација за дизајнот на трупот беше зашилувањето на италијанскиот глисер Riva, додека макарите на луксузната јахта беа мотив за металните завршни елементи во внатрешноста на возилото.
2004 - Идејно возило Range Stormer
Идејното возило Stormer ќе стане познато по трасирањето на иднината на дизајнот на Range Rover, како и храбриот приод кон усвојувањето на новата технологија во возилата.
2005 - Сериски Range Rover Sport
Воведувањето на првиот спортски SUV во фамилијата на Range Rover покажа дека Land Rover е посветен на перформансите. Опциите за мотори го вклучија 4.2-литарскиот бензински мотор со супер полнач којшто развиваше брзи перформанси. Range Rover Sport исто така понуди вмрежено воздушно потпирање, овозможувајќи му на возачот избор на висина на возењето, којашто ги оптимизира комфорот и 4х4 погонот, како при друмското така и при теренското возење. Променливата висина беше една од многуте јасни нови карактеристики којашто ги отсликуваше динамичките перформанси при претставувањето на возилото.
2008 - Идејно возило LRX
Ова cross-coupé идејно возило беше амбициозен и прогресивен чекор за дизајнерскиот тим на Land Rover. Иако целната група беа возачи коишто ретко се одлучуваат за теренско возење, идејното возило сепак ја задржа легендарната способност на Land Rover, но во себе внесе и внатрешност којашто медиумите ја нарекоа „футиристичка“.
2013 - Втора генерација на Range Rover Sport
Претставен од актерот Даниел Крег, познат по улогата на Џејмс Бонд, одредени улици во Њу Јорк беа привремено затворени за сообраќај за да се лансира надградениот Range Rover Sport којшто се одликуваше со зголемена ефикасност од 3.0-литарскиот V6 мотор.
2015 - Range Rover Evoque Convertible
Првиот Range Rover convertible, моделот Evoque Convertible ги комбинираше познатата способност на Land Rover со привлечните карактеристики како што е покривот со Z системот за негово склопување, а истовремено одржувајќи го силниот визуелен став изработен од дизајнерите на Land Rover. Резултатот е првиот премиум компакт и најспособниот 4x4 convertible SUV за секаков терен во светот.
ОТКРИЈТЕ ГО АВАНГАРДНИОТ RANGE ROVER
© JAGUAR LAND ROVER LIMITED 2019
Jaguar Land Rover Limited: Регистрирано седиште: Abbey Road, Whitley, Coventry CV3 4LF. Регистрирано во Англија под бр.: 1672070
Информациите, спецификацијата, моторите и боите прикажани на оваа веб локација се базираат на европската спецификација и може да се разликуваат од пазар до пазар и се предмет на измена без известување. Некои возила се прикажани со опционална опрема што можеби не е достапнa на сите пазари. Контактирајте го вашиот локален продавач за достапноста и цените на вашиот локален пазар.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Вистинската потрошувачка на гориво на возилото може да се разликува од потрошувачката добиена со вакви тестови и овие вредности се наменети само за споредба.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.