ПРЕДИЗВИКОТ НА ПРЕЛИВЕН КАНАЛ НА БРАНА

Во 2022 година, Range Rover Sport и тест возачот Џесика Хокинс го освоија вулканскиот пејзаж на Исланд, карпестите гребени, поплавените тунели и претходно неизведеното искачување по браната Каранјукар, борејќи се со тони брза вода1,2.

Не би го постигнале тоа што требаше да го
постигнеме без вистинското возило — и без да се чувствувам сигурно возејќи го тој автомобил. Многу карактеристики во автомобилот ми овозможија да го изведам овој подвиг, но системот Управување со сите тркала навистина ми се допадна.
Џес Хокинс, возач
Range Rover Sport минува низ вода на тест пат во шумски предел

КАЊОНОТ

Предизвикот започна на суровиот и опасен терен на дното од долината, пробивајќи се низ поплавено речно корито и возејќи низ бетонските тунели на браната.
ИСКАЧУВАЊЕТО

ИСКАЧУВАЊЕТО

Откако излезе од поплавените тунели, Хокинс бестрашно се искачи по стрмната нагорнина и растреситите камења на ѕидот на браната за да дојде до преливниот канал.
Range Rover Sports се спротивстави на воден брзак

ПОСЛЕДНОТО ИСКАЧУВАЊЕ

Последниот чекор беше исцрпувачко искачување по 193 m долгиот преливен канал на браната наспроти брзакот од вода со проток од 750 тони во минута, избегнувајќи опасен пад од 90 m во првата во светот демонстрација на динамичка способност.
Поглед од страна на Range Rover Sport во црвената боја Firenze

ВОЗИЛО И КАРАКТЕРИСТИКИ

Смелото возење се изведе со помош на пакетот Stormer Handling, пакет од карактеристики за контрола на шасијата за унапредена управливост, маневрирање, стабилност и агилност. Возилото беше опремено со кафез за заштита при превртување.

МИНАТИ ПРЕДИЗВИЦИ

Преливниот канал на брана беше само најновиот во серијата обиди со кои се соочи Range Rover Sport за да покаже дека е проектиран да се „бори“ со секаков предизвик.

ЗМЕЈОВСКИ ПРЕДИЗВИК, КИНА

Ranger Rover Sport беше првиот SUV што стигна до Портата на рајот во 2018 година, совладувајќи еден од најпредизвикувачките патишта во светот, легендарниот пат на планината Тјанмен со должина од 11,3 km со зашеметувачки 99 кривини, пред да се фати во костец со епското искачување по скалиштето под 45 степени со 999 скалила1,2.

ПУСТИНАТА РУБ ЕЛ ХАЛИ, ОАЕ

Во 2013 година, Range Rover Sport издржа едно од најсуровите и најпредизвикувачките опкружувања, минувајќи ја втората најголема пустина во светот за рекордно време од 10 часа и 22 минути. Возејќи од утро до мрак, возилото помина 849 km по екстремни температури кои надминуваа 50 °C1,2.

ИСТРАЖЕТЕ ГО RANGE ROVER SPORT

Инстинктивен. Неверојатен. Бескомпромисен.

RANGE ROVER ПОГЛАВЈА

Дознајте повеќе за оригиналниот луксузен SUV.

1Професионални возачи на затворени патеки. Не се обидувајте.

2Возила изменети за да се вклучи опрема поврзана со предизвикот и/или да се вклучи опционална опрема.