Ако некогаш сакате да видите дивеч, тогаш Серенгети треба да биде местото за тоа. Огромен е бројот на животни што можете да ги видите таму. Еднаш ручавме во близина на кратерот Нгоронгоро со бели чаршави за маса и салфети.
Од другата страна на мочуриштето имаше осум лавови, а неколку бафала лутајќи се приближија до групата лавови. Откако ја сфатија својата грешка, се стрчаа право во мочуриштето, а шесте лавови ги следеа. Трчаа кон нас - така што ние срипавме во автомобилите и чекавме.
Животните протрчаа низ местото каде што седевме на пикник а, малку потоа, лавовите поминаа покрај нас. Не покажаа никаков интерес за нашата вкусна шницла. Очигледно дека не сме привлечни покрај свежо бафало.