RANGE ROVER SPORT DOWNHILL CHALLENGE

5 ТЕХНИКИ КОИШТО RANGE ROVER SPORT ГИ ПРИМЕНИ НА ПАТЕКАТА INFERNO CHALLENGE И ПОБЕДИ
#DrivenChallenges

Кога ги опишувате швајцарските алпи, зборот „пекол“ (inferno) не е нешто што вообичаено ви паѓа на памет. За оние што знаат што значи, пределот под врвот Шилторн во Мурен, Швајцарија, е местото каде што се одвива Inferno Challenge откако постои во 1928 година. Овој настан е најстарата спуст трка за преживување на скии во светот и, со должина од 15km и висинска разлика од 2km, тоа е една од најдолгите и најпредизвикувачките трки.


Секоја година на оваа трка стартуваат 1800 спортисти, мажи и жени, на коишто оваа година им се придружи еден невообичаен учесник; Range Rover Sport, со главната цел: поставување на рекорд на патеката за најбрзо спуштање по ски патека за спуст во лето.


Познат по својата брзина и оптимални перформанси, и за друмско и за теренско возење, Range Rover Sport беше совршено возило за напад на истата патека во текот на летниот период кога нема снег. Се разбира, еден SUV со високи перформанси како ова возило бара и возач со високи перформанси и тука доаѓа Бен Колинс.


И покрај искуството што го има Бен, локалните жители сепак беа шокирани од неговиот обид да ја помине патеката Inferno Challenge со возило. Кливс Палмер, претседател на ски клубот Кандахар, кажа „Теренот е покриен со камења, попрво би ја поминал оваа патека на скии во зима отколку да ја возам во лето“! Ова се зборовите на ветеран со 30 трки.


Без да се обесхрабри и подготвен за предизвикот, Бен влезе во Range Rover Sport, изменет само со додавањето на кафезот за заштита при превртување, безбедносни ремени на седиштето и засилени пневматици, и тргна на врвот, подготвен да се спушти по патеката Inferno Challenge и да докаже зошто е тоа најдобриот 4х4 SUV за оваа работа.


Лесна работа на тежок терен
Од мраз, камења и чакал, па сè до кал, земја и влажна трева, на патеката Inferno Challenge има сè. И иако тоа изгледа невозможно за повеќето возила, не изгледа така за Range Rover Sport.

Системот Контрола на спуштање по надолнина (HDC) му помага на возачот со контролирано спуштање по стрмен терен
Трката Inferno Challenge е најстарата спуст трка за преживување на скии во светот, најновата во програмата Range Rover Sport #DrivenChallenges

Со долгогодишното инженерско знаење на Land Rover во себе и тестиран со сериозни тест програми, брзо докажа дека е создаден за сè. Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење совршено ја надополнува моќноста на 5.0-литарскиот V8 мотор со супер полнач, постојано го набљудува аголот на управувачот на возилото и ја намалува моќноста преку активирање на односните кочници за да го задржи возилото на патеката. Возилото ги совлада сите пречки што му ги наметна планината.

„Обично се тркам со автомобили околу места какво што е Ле Ман. Денес сум на надморска висина од 3000 метри“

БЕН КОЛИНС

Човекот против планината
Бидејќи патеката Inferno Challenge наметнува некои од најтешките предизвици на природата, Бен ги искористи бројните системи за помош на возачот до коишто има едноставен пристап. Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење се грижи до секое тркало да дојде точниот износ на моќност како и кога тоа е потребно при симнување по надолнина. Системот Теренска реакција 2 со режимот Динамика се активираа за да се осигура дека возилото може брзо да се прилагоди кон постојано променливиот терен под него. Дури и кога водените текови или каменливите брзаци ќе ја заменат цврстата површина, Бен можеше да ја користи поставката Ползење преку карпи за да ја задржи и контролира подвижноста на возилото.

Способноста е во срцето на секој Land Rover, а системот Теренска реакција е олицетворение на таа карактеристика
Мраз, камења, чакал, мокра кал, мокра земја и мокра трева, патеката Inferno Challenge го тестираше Range Rover Sport до екстремите

На секакво време
На надморска висина од 2970 метри времето може да биде непредвидливо, најблаго кажано.

На почетокот на предизвикот и на врвот на планината, температурата беше нула степени, што значи дека Бен и возилото веднаш наидоа на мраз и лапавица, додека се спуштаа надолу по стрмната падината со степен на наклон до 60 проценти .

Но тоа не заврши тука, на почетокот на надолнината; всушност, спуштајќи се кон долината Каноненрор, маглата и ниските облачиња придонесоа за слабата видливост, а дождот го намали зафатот на тркалата со површината на веќе тешката патека, додека температурите пораснаа на поповолните 18 степени.



Теренска реакција 2 со режим Динамика се активираа за време на спуштањето по Inferno Challenge



Постигнување со стил
Бен Колинс ја помина патеката за 21 минута и 36 секунди и докажа дека Range Rover Sport не само што ја има способноста по којашто е познат Land Rover, туку може ладнокрвно да се справи дури и со најекстремните предизвици. Возилото со својот мускулест став делуваше импресивно во текот на предизвикот и благодарение на луксузната внатрешност Бен ја постигна својата цел во прав Range Rover стил.

Пребарајте во #DrivenChallenges за да го истражите предизвикот подетално.

Range Rover Sport е дизајниран и проектиран до нови висини
Range Rover Sport- ги примамува погледите

RANGE ROVER SPORT

ОТКРИЈТЕ ГО НАЈАГИЛНИОТ И НАЈДИНАМИЧНИОТ LAND ROVER

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА СИЛНИТЕ СТРАНИ

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА СИЛНИТЕ СТРАНИ

Range Rover Sport навистина ја оправдува буквата „S“ (спорт) во кратенката SUV. Поставувајќи ја нашата серија модели на друго ниво, тој е најагилниот, најдинамичниот и најчувствителниот Land Rover досега.
СЕКОГАШ ВОЗБУДУВА

СЕКОГАШ ВОЗБУДУВА

Едноставно изберете еден модел и започнете да создавате Land Rover баш за вас. Можете да се воодушевувате на вашата креација од сите агли и да ја посетите во секое време. Кога ќе бидете готови, можете да ја споделите вашата конфигурација со вашите пријатели или со вашиот локален продавач.
ИСТРАЖЕТЕ НОВИ ХОРИЗОНТИ

ИСТРАЖЕТЕ НОВИ ХОРИЗОНТИ

Имате можност да седнете зад воланот на Land Rover и да тргнете на едно возбудливо и предизвикувачко теренско возење.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ

ДИЗАЈНОТ И ЛУКСУЗОТ ОДАТ ЗАЕДНО

ДИЗАЈНОТ И ЛУКСУЗОТ ОДАТ ЗАЕДНО

Со долгогодишна заедничка историја, Range Rover и Zenith ги здружија силите за да го создадат моделот Special Edition Zenith El Primero Range Rover, часовник што поставува ново ниво на луксуз.
ЛОНДОН ЈА СЛАВИ АВТОМОБИЛСКАТА ИКОНА

ЛОНДОН ЈА СЛАВИ АВТОМОБИЛСКАТА ИКОНА

Единствениот „Defender 2.000.000“ треба да се продаде на аукција во аукциската куќа Bonhams во Обединетото Кралство, а средствата ќе одат во Фондацијата Born Free и Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина
МОДЕРНИЗАМ: ОДНОВО ДИЗАЈНИРАН СВЕТ

МОДЕРНИЗАМ: ОДНОВО ДИЗАЈНИРАН СВЕТ

Дизајнот има сè поголема улога во развојот на возилата на Land Rover и, за да го одбележи, Land Rover ја спонзорира неделата на модернизмот Modernism Week во Палм Спрингс. Се среќаваме со креаторите што сè уште наоѓаат инспирација во најважната дизајн филозофија на 20-тиот век.