LAND ROVER ПАКЕТИ ЗА МИЛЕНИЧИЊА

LAND ROVER ДОДАТОЦИ ЗА ОНИЕ ШТО ЧУВААТ КУЧЕ

Без оглед дали го возите вашето куче во парк, го водите вашиот четириножен пријател да игра со топка или сте се упатиле на плажа, изборот на вистинскиот додаток за вашиот Land Rover може да направи разлика помеѓу релаксирачка вечер на софата или вечерта да ја поминете во отстранување на кал, песок и влакната од кучето од внатрешноста на вашето возило.


„Овие додатоци се дизајнирани не само за да обезбедат комфор за кучиња, туку и се грижат за одржување на хигиената во вашето возило“.




Независно од тоа дали ги земаме во предвид домашните миленичиња на нашите сопственици или користиме виртуелно куче за да ни помогне при дизајнот на багажниот простор – кучињата отсекогаш биле дел од приказната за Land Rover. Сега имаме дизајнирано палета со посебни пакети со додатоци за миленичиња, така што изборот на вистинското решение за вашите потреби е едноставен.


Нашите пакети за миленичиња се:


Пакет Pet Loadspace Protection: Овој пакет е дизајниран за да обезбеди заштита од мокри и калливи шепи и овозможува едноставно чистење на багажниот простор. Пакетот е комбинација од прекривка за багажниот простор прошиена со ромбоидни форми, разделник за багажниот простор по целата висина и сад за вода со заштита од истурање.


Пакет Pet Transportation: Згодна опција што овозможува комфорна средина за превезување мали кучиња. Пакетот Pet Transportation може брзо да се постави и да се отстрани, по потреба. Пакетот е комбинација од расклоплив носач за миленичиња, сад за вода со заштита од истурање и гумена подна простирка за багажниот простор.


Пакет Pet Care and Access: Совршено решение за сопствениците коишто редовно носат кучиња или други миленичиња во багажниот простор на нивните возила. Пакетот Pet Care and Access гарантира дека сите потребни елементи ви се при рака – за удобно превезување на вашето куче. Се состои од разделник за багажниот простор по целата висина, прекривка за багажниот простор прошиена со ромбоидни форми, пристапна рампа за миленичиња и пренослив систем за плакнење.



Нашите омилени кучиња, Ленди и Ровер, ги тестираа нашите додатоци за миленичиња. Во нашата видео серија, тие донесоа неколку пријатели за да видат дали додатоците за миленичиња на Land Rover ги исполнуваат нивните стандарди.



Кучиња и способност


Ленди и Ровер сакаат да видат нови места и да истражуваат непознат терен. Вашето куче можеби ќе се израдува на калливиот вир (Ровер сигурно ќе се израдува) но тоа не значи дека треба да ги трпите последиците. Сепак, која сака да го мие со црево автомобилот како и кучето кога ќе се вратите дома?


Изберете помеѓу гумена подна простирка и водонепропусно корито. И едниот и другиот додаток ќе го одржуваат багажниот простор во вашиот Land Rover чист и ќе обезбедат водонепропусна заштита од влажни шепи, накиснати крзна и лигави усти.



Подната простирка го покрива теписонот на подот во багажниот простор на вашето возило. Водонепропусното корито со издигнати ѕидови од три страни го покрива тапацирот и на подот и на страничните ѕидови, обезбедува заштита и едноставно чистење.


Во куќичката за кучиња


Разделникот за багажниот простор по целата висина ви овозможува да го искористите до максимум вашиот багажен простор и да го заштите вашето возило. Оваа преграда за миленичиња едноставно се поставува и ја одржува безбедноста на вашето куче во задниот дел на вашето возило. Во исто време, спречува газење со калливи шепи по седиштата и оставање непријатни флеки врз нив.



Број еден за додатоци за автомобил


И пред да изберете пакет за миленичиња, карактеристиките што се вградени во нашите возила ќе ги поедностават работите за вас и за вашите кучиња.




Функцијата Прилагодување на висината на задниот дел, прикажано кај Discovery на горната слика, го користи електронското воздушно потпирање за да го подигне или спушти задниот дел со едноставен допир на копче. Ова прилагодување може да биде од корист за помали кучиња на кои им е тешко да скокнат толку високо за да влезат во багажниот простор и за постари кучиња кои веќе не можат да скокаат како порано.


Со овој избор на додатоци на Land Rover, можете да го измените вашето возило во рај за миленичиња и ние сме сигурни дека мавтањето на опашот на вашето куче ќе ви даде до знаење дека вашиот Land Rover е помеѓу најдобрите автомобили за сопствениците на кучиња.


Повеќе од Ленди и Ровер можете да видите на нашиот YouTube канал.

ГИ НАДМИНУВАМЕ ГРАНИЦИТЕ

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ LAND ROVER СО БОГАТАТА ПАЛЕТА НА ДОДАТОЦИ ШТО СЕ ДИЗАЈНИРАНИ СПЕЦИЈАЛНО ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО.

ДОДАТОЦИ ЗА СЕКАКВИ АВАНТУРИ

ДОДАТОЦИ ЗА СЕКАКВИ АВАНТУРИ

Достапен ви е целосната палета на додатоци за внатрешноста и надворешноста што ќе ви помогне да го приспособите вашето возило за претстојните авантури.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА

ИСТРАЖЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА

Подготвен за сè, секој Land Rover со леснотија се движи по секаков терен, од камеливи планински патеки до модерни градски улици.
DISCOVERY – ОДЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ОЧЕКУВАНОТО

DISCOVERY – ОДЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ОЧЕКУВАНОТО

Скројте го Discovery со палетата од стилски, практични додатоци коишто се цврсти, разновидни и нудат можност за персонализација.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ

ОСВОЈУВАЊЕ НА ДИВИНАТА НА ОСТРОВОТ СКАЈ ВО ЦЕЛОСНО НОВИОТ DISCOVERY

ОСВОЈУВАЊЕ НА ДИВИНАТА НА ОСТРОВОТ СКАЈ ВО ЦЕЛОСНО НОВИОТ DISCOVERY

Поставено: 21-09-2017

„За J.M.В. Тарнер се вели дека за време на една бура се врзал за јарболот на чамецот. Тоа бил неговиот начин за целосно доживување на условите“. Џулијан Калверли, фотограф на пејсажи, зборува за една од најголемите инспирации за својата работа.
ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗИЛОТО: DISCOVERY

ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОЗИЛОТО: DISCOVERY

Поставено: 13-12-2016

Discovery ја доби максималната оценка со пет ѕвездички од Euro NCAP, светски призната организација за тестирање на безбедноста, што значи дека возачите што бараат едно од најбезбедните SUV возила не треба понатаму да бараат.
ОТКРИЈТЕ ГО ИЗНЕНАДУВАЧКИОТ ДИЗАЈН НА НЕКОИ ДЕЛОВИ НА ЦЕЛОСНО НОВИОТ DISCOVERY

ОТКРИЈТЕ ГО ИЗНЕНАДУВАЧКИОТ ДИЗАЈН НА НЕКОИ ДЕЛОВИ НА ЦЕЛОСНО НОВИОТ DISCOVERY

Поставено: 01-01-2017

Впечатливиот дизајн на целосно новиот Discovery на Land Rover е резултат на неброени часови поминати во експериментирање со идеи и материјали, а некои од нив се прилично изненадувачки.