Бојата е многу битен елемент за потрошувачите, од купувањето вратоврска па сè до изборот на ново возило.
Покрај практичните размислувања, на изборот на боја влијаат и факторите поврзани со карактерот на купувачот: неговиот стил, неговите модни фантазии и неговото културолошко наследство.
Во Јужна Америка, на пример, црвената боја е боја на успехот, во Европа тоа е боја што укажува на љубов, додека во Кина ја покажува среќата. Кога сме кај Кина, жолтата боја се смета како боја на кралските семејства, додека во многу западни земји тоа е боја на забавата и среќата.
Потоа, тука се боите коишто секогаш имале посебно значење. Добар пример за тоа е сината боја, којашто имала големо значење низ вековите – датира од 4500 год. п.н.е. во Месопотамија. Во денешно време, потемните нијанси на сината боја се поврзуваат со кралските семејства и премиум брендовите.
Изборот на клиентите постојано расте, а новите технологии за пигменти и нанесување боја овозможуваат понуда со многу поширока лепеза на бои за надворешноста.
Land Rover ги истражува и развива боите уште од самиот почеток на компанијата, пред 65 години, и денес тимот во центарот за дизајн во Англија користи интензивен развој и експертиза за да се прошири изборот и да ги предвиди боите што клиентите ќе ги бараат во иднина.
„Инспирацијата може да дојде од сите страни – интересно пакување, капаче за шише, часовник, па дури и некоја зграда можат да бидат искра што ќе го активира тимот за дизајн да развива нови бои“, вели Мел МекВортер главниот дизајнер за бои во Land Rover.
Палетата со бои на Land Rover се смени драматично во годините по лансирањето на првото возило. Легендарниот Хјуи (Huey, наречен по регистерската табличка со бројот на бојата HUE 166) беше бојадисан со зелена боја што укажуваше на неговата воена инспирација. Од тогаш, возилата на Land Rover се појавија во многу бои, а тековната палета се протега преку целиот спектар, како за металик така и за неметалик завршните обработки.
„Land Rover традиционално ги именува своите бои според географската припадност, по одредени места, региони, градови и водни басени. Сините нијанси се именувани според океани или реки, портокаловите и жолтите според пустини. Една од поновите бои е бојата Corris Grey (нијанса на сива боја) што го доби името според областа со рудници за шкрилци во Велс“, вели Мел.
Во моментов имаме повеќе од 45 бои за завршна обработка на надворешноста што се присутни во асортиманот на возила на Land Rover, а тука е и големиот избор на бои и комбинации од бои за внатрешноста. И тоа не е сè. За клиентите што посакуваат вистинско лично доживување, одделението за нарачки на Land Rover, Engineered To Order, е во состојба да ја понуди скоро секоја боја што може да се замисли како завршна боја за надворешноста по нарачка.
Значи, можете да изберете дали вашиот целосно нов Range Rover Sport ќе одговара на вашето омилено одело, вашиот Discovery на ливада прекриена со лаванда или вашиот Defender ќе одговара на чаша вино од Château Petrus.
LAND ROVER ЈА СЛАВИ СПОСОБНОСТА НА СВОИТЕ ВОЗИЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН СО ИМЕНУВАЊЕ НА УНИКАТНИТЕ БОИ СПОРЕД НЕКОИ ОД НАЈУБАВИТЕ ПЕЈСАЖИ ВО СВЕТОТ
2 ЗА ОТКРИВАЊЕ