RANGE ROVER: ИСТОРИЈАТ

ПОВЕЌЕ ОД 45 ГОДИНИ RANGE ROVER ПОСТАВУВА СТАНДАРДИ ЗА ЛУКСУЗ И СПОСОБНОСТ

НОВИОТ RANGE ROVER VELAR

АВАНГАРДНИОТ RANGE ROVER

ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО
vMWWd7vTabM

Уште од претставувањето на првиот Range Rover во 1970 година, возилото постојано се развива. Најлуксузниот SUV во светот се карактеризира со врвно ниво на софистицираност, вродена способност и инспиративен дизајн, коишто заедно со технолошките предности го одвојуваат ова возило од останатите. Да се навратиме на историјатот на серијата луксузни SUV возила позната како фамилијата Range Rover.



Фамилијата Range Rover, заедно со 2017 Range Rover Velar



1969 - Прототип Range Rover Velar
За да ја зачуваат тајната за прототипот на првиот Range Rover, дизајнерите и инженерите коишто стоеа зад ова револуционерно ново возило, на строго доверливиот прототип му го дадоа името „Velar“, изведено од италијанскиот збор „velare“, којшто значи да се сокрие или покрие. Првите 26 прототипи дури и го носеа беџот со истото име за да го маскираат својот идентитет.



Првите прототипи на Range Rover го носеа беџот Velar, за да го сокријат својот идентитет



1970 - Прв сериски Range Rover со 3 врати
По успешното тестирање на идејното возило Velar, првиот Range Rover ѝ беше претставен на јавноста. Беше прифатен со воодушевување од страна на критиката, благодарејќи на ретката комбинација од способност и елегантен дизајн. Range Rover беше првото возило со постојан погон на 4 тркала и се одликуваше со деллива крајна врата, едноделна хауба поставена на шарки и континуирана странична линија


1981 - Range Rover со 4 врати
По 11 години присуство на пазарот, Range Rover Classic беше достапен и како возило со 4 врати, нудејќи им поголеми опции на вљубениците во ова возило, чијшто број постојано растеше.

Од своето прво појавување пред јавноста Range Rover беше познат по својот луксузен став
Со својот карактеристичен дизајн Range Rover е веднаш препознатлив

1994 - Втора генерација на Range Rover
Полуксузен од својот претходник, нагласените дизајнерски детали на возилата од втора генерација, како што се легендарната силуета и воведувањето на четириаголни фарови наместо кружните го издржаа тестот на времето, правејќи го возилото веднаш препознатливо до денешен ден.


2001 - Трета генерација на Range Rover
Со својот постојан развој, овој Range Rover стана првиот модел со монокок каросерија. Инспирација за дизајнот на трупот беше зашилувањето на италијанскиот глисер Riva, додека макарите на луксузната јахта беа мотив за металните завршни елементи во внатрешноста на возилото.

Во втората генерација на Range Rover се воведе уште поголем луксуз
Инспирација за дизајнот на возилото дојде од италијанскиот глисер Riva

2004 - Идејно возило Range Stormer
Идејното возило Stormer ќе стане познато по трасирањето на иднината на дизајнот на Range Rover, како и храбриот приод кон усвојувањето на новата технологија во возилата.


2005 - Сериски Range Rover Sport
Воведувањето на првиот спортски SUV во фамилијата на Range Rover покажа дека Land Rover е посветен на перформансите. Опциите за мотори го вклучија 4.2-литарскиот бензински мотор со супер полнач којшто развиваше брзи перформанси. Range Rover Sport исто така понуди вмрежено воздушно потпирање, овозможувајќи му на возачот избор на висина на возењето, којашто ги оптимизира комфорот и 4х4 погонот, како при друмското така и при теренското возење. Променливата висина беше една од многуте јасни нови карактеристики којашто ги отсликуваше динамичките перформанси при претставувањето на возилото.

Идејното возило Stormer ја трасираше иднината на дизајнот на Range Rover
Пристигнувањето на Range Rover Sport донесе подобрени перформанси

2008 - Идејно возило LRX
Ова cross-coupé идејно возило беше амбициозен и прогресивен чекор за дизајнерскиот тим на Land Rover. Иако целната група беа возачи коишто ретко се одлучуваат за теренско возење, идејното возило сепак ја задржа легендарната способност на Land Rover, но во себе внесе и внатрешност којашто медиумите ја нарекоа „футиристичка“.



Дизајнот на идејното возило LRX ќе има големо влијание врз дизајнот на Range Rover Evoque



2011 - Сериски Range Rover Evoque
Со титулата „Автомобил на годината“ добиена на бројни пазари, Range Rover Evoque блесна веднаш штом беше претставен на саемот Paris Motor Show во 2010 година. Многу карактеристики коишто ги видовме кај идејното возило LRX го најдоа својот пат во луксузното cross-coupé, заедно со свежата интерпретација на класичниот дизајн на Range Rover.



Range Rover Evoque со себе донесе нов, смел дизајн



2012 - Четврта генерација на Range Rover
Четвратата инкарнација на Range Rover беше првата што се карактеризираше со целосно алуминиумска каросерија со мала тежина и беше веднаш препознатлива поради своето големо меќуоскино растојание и лебдечкиот покрив. Возилото се карактеризираше и со верзијата од следната генерација на системот Terrain Response® (Теренска реакција) на Land Rover. Оваа вградена технологија за возење автоматски ги избира најдобрите поставки на возилото во однос на теренот по којшто се движи.


2013 - Range Rover Hybrid
Првиот хибрид во фамилијата на Range Rover не само што донесе помала потрошувачка на гориво и намалена емисија на издувните гасови, туку, што е и најважно, не ја загрози способноста. За да го докаже тоа, возилото тргна на пат долг 16.000km од Солихал, Англија, до Мумбаи, Индија, преку најтешкиот тест за теренското возење, Хималаите.

Првиот хибрид на Range Rover ја намали емисијата на издувни гасови без да ги загрози перформансите
Луксузните карактеристики коишто се очекуваат од Range Rover се задржаа во моделот Hybrid

2013 - Втора генерација на Range Rover Sport
Претставен од актерот Даниел Крег, познат по улогата на Џејмс Бонд, одредени улици во Њу Јорк беа привремено затворени за сообраќај за да се лансира надградениот Range Rover Sport којшто се одликуваше со зголемена ефикасност од 3.0-литарскиот V6 мотор.



Зголемената моќност на моторот беше главна карактеристика на втората генерација на Range Rover Sport



2015 - Лансирање на Range Rover Sport SVR
Проектиран како SUV со високи перформанси со оптимална моќност, Range Rover Sport SVR беше првиот произведен од страна на тимот Special Vehicle Operations. Како најбрз Land Rover досега, возилото нуди незаборавно возење. Моќноста на возилото се огледува во карактеристиките на дизајнот како што се четирите издувни цевки и уникатниот заден спојлер.


2015 - Range Rover SVAutobiography
Кулминацијата на префинетост и луксуз, моделот Range Rover SVAutobiography го редефинира Range Rover доживувањето. Грижата за секој детаљ се гледа во кабината, во завршните елементи од полиран алуминиум и седиштата од бизнис класата. Надворешност со уникатен избор од палетата на бои коишто гарантираат дека возачите добиваат врвно доживување на луксузот што асоцира на Range Rover. Веднаш потоа беше претставен моделот SVAutobiography Dynamic, којшто со карактеристичниот дизајн и моќниот V8 мотор ги отсликуваше својата моќност и својата агилност.

Range Rover Sport SVR ги комбинира моќноста и перформансите за возбудливо возење
A pinnacle of luxury and sophistication, the Range Rover SVAutobiography

2015 - Range Rover Evoque Convertible
Првиот Range Rover convertible, моделот Evoque Convertible ги комбинираше познатата способност на Land Rover со привлечните карактеристики како што е покривот со Z системот за негово склопување, а истовремено одржувајќи го силниот визуелен став изработен од дизајнерите на Land Rover. Резултатот е првиот премиум компакт и најспособниот 4x4 convertible SUV за секаков терен во светот.



Моделот Range Rover Evoque Convertible беше првиот Range Rover од тој тип



Од строго доверливото идејно возило Velar до првиот Range Rover Evoque Convertible, еволуцијата на Range Rover е јасна. Без да ја загрозува способноста, луксузниот SUV продолжува да ги поставува стандардите за дизајн, способоност и перформанси на автомобилите.


2017 – Претставување на новиот Range Rover Velar





Откриен е нов член на фамилијата Range Rover. Со своите неодоливи јасни линии и визионерските дизајнерски детали, Range Rover Velar ветува дека ќе биде SUV со истите беспрекорни карактеристики, способност, луксуз и префинетост какви што се очекуваат од сите наши возила.

НОВИОТ RANGE ROVER VELAR

ОТКРИЈТЕ ГО АВАНГАРДНИОТ RANGE ROVER

НАШИОТ НАЈВИЗИОНЕРСКИ SUV ДОСЕГА
Range Rover Velar се одликува со бескомпромисна филозофија на дизајнот. Впечатливите пропорции, рамните кваки на вратите и интегрираниот заден спојлер ја унапредуваат аеродинамиката. Во карактеристиките спаѓа и украсната маска со декоративна фолија што на предниот профил на возилото му дава несомнена појава.
НЕОДОЛИВ. ПРЕФИНЕТ. СПОСОБЕН.
Едноставно изберете еден модел и започнете да создавате Range Rover Velar баш за вас. Можете да се воодушевувате на вашата креација од сите агли и да ја посетите во секое време. Кога ќе бидете готови, можете да ја споделите вашата конфигурација со вашите пријатели или со вашиот локален продавач на Land Rover.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
БИДЕТЕ ВО ТЕК
За да ги добиете ажурирањата пред сите други, кликнете на врската подолу
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
RANGE ROVER SPORT DOWNHILL CHALLANGE
Од мраз, камења и чакал, па сè до кал, земја и влажна трева, на патеката Inferno Challenge има сè. Стрмна надолнина со должина од 15km по планинска падина во Швајцарија му зададе уникатен предизвик на Range Rover Sport, предизвик што го совлада со стил
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ДИЗАЈНОТ И ЛУКСУЗОТ ОДАТ ЗАЕДНО
Со долгогодишна заедничка историја, Range Rover и Zenith ги здружија силите за да го создадат моделот Special Edition Zenith El Primero Range Rover, часовник што поставува ново ниво на луксуз.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ
МОДЕРНИЗАМ: ОДНОВО ДИЗАЈНИРАН СВЕТ
Дизајнот има сè поголема улога во развојот на возилата на Land Rover и, за да го одбележи, Land Rover ја спонзорира неделата на модернизмот Modernism Week во Палм Спрингс. Се среќаваме со креаторите што сè уште наоѓаат инспирација во најважната дизајн филозофија на 20-тиот век.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

© JAGUAR LAND ROVER LIMITED 2019

Jaguar Land Rover Limited: Регистрирано седиште: Abbey Road, Whitley, Coventry CV3 4LF. Регистрирано во Англија под бр.: 1672070

Информациите, спецификацијата, моторите и боите прикажани на оваа веб локација се базираат на европската спецификација и може да се разликуваат од пазар до пазар и се предмет на измена без известување. Некои возила се прикажани со опционална опрема што можеби не е достапнa на сите пазари. Контактирајте го вашиот локален продавач за достапноста и цените на вашиот локален пазар.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Вистинската потрошувачка на гориво на возилото може да се разликува од потрошувачката добиена со вакви тестови и овие вредности се наменети само за споредба.

WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.