СОЗДАВАЊЕ ИКОНА

Група од најголемите обожаватели на Land Rover се собра во Солихал, домот на Land Rover, за да го создадат двомилионитото возило од серијата Land Rover – уникатниот Defender 2.000.000

Тоа беше постигнување за легендите. Сите во производниот погон на Land Rover во Солихал го знаеа тоа. Наскоро ќе се произведе двомилионитото возило од серијата Land Rover – означувајќи 67 години производство на серијата Land Rover и Defender.


За да ѝ оддаде почит на икона, Land Rover одлучи дека уникатниот Defender 2.000.000 треба да биде исклучително возило, создадено од знаењето, потта и силата на група луѓе коишто беа во срцето на приказната за Land Rover низ годините.


Обожавателите на Defender меѓу коишто се и Беар Грилс (Bear Grylls), Вирџинија МекКена (Virginia McKenna) ОВЕ (носител на орденот Офицер од редот на Британското Кралство) од Фондацијата Born Free, членот на Првата копнена експедиција Тим Слесор (Tim Slessor), морскиот биолог Монти Халс (Monty Halls) и „г-дин Land Rover“ Роџер Кратхорн (Roger Crathorne) му се придружија на тимот во производниот погон на Land Rover во Солихал за да го создадат двомилионитото возило. Вклучени се уникатни елементи на дизајнот како што е деталот на предното седиште со мапа на заливот Ред варф (Red Wharf) во Енглси (Anglesey), каде што започна приказната за Land Rover. Беар Грилс (Bear Grylls) го изрази своето размислување за тоа што значи да се биде дел од тимот…



„Градите врски со нешта од коишто зависите. Defender-от е дел од британската автомобилска индустрија. За мене, тој претставува ефикасна практичност и издржлива сигурност. Тој беше неопеаниот херој во многуте мои експедиции. Defender-ите ги користев насекаде низ светот, во џунгли, пустини, планини и мочуришта – можеби сте ме виделе на ТВ како се спуштам од хеликоптер по јаже, но тоа што не го гледате се петте Defender-и коишто работат напорно за да ги превезат екипата, приборот и опремата за снимање до локацијата.


Defender-ите се симбол за големи авантури и експедиции, но за мене забавните моменти често се кога сум дома. Имам Land Rover модел од 1974 година. Заедно со моето семејство ќе најдеме мала патека што води до ливадите каде што ќе уживаме во пикникот. Defender-от е добар и за овие работи исто како што е добар и за екстремните патеки низ светот. Многу сум врзан за ова возило. И чувствувам голема поврзаност со фамилијата на Land Rover што ме поддржува долги години. Горд сум со мојата мала улога во приказната за Defender, што ќе учествувам во пуштањето во погон на двомилионитиот Defender и тоа баш тука, во срцето на Land Rover земјата во Солихал.”


Уникатниот Defender 2.000.000 се продаде во декември 2015 година во прочуената аукциска куќа Bonhmas. Средствата од продажбата отидоа кај хуманитарните партнери на Land Rover, Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) и Фондацијата Born Free Foundation.

ПИОНЕРСКИ СПОСОБНОСТИ ПОВЕЌЕ ОД 67 ГОДИНИ

ЗАМИСЛЕН ВО 1947 ГОДИНА, А СÈ УШТЕ ПРЕПОЗНАТЛИВ И ДЕНЕС, DEFENDER ГИ РАЗБИ СТЕРЕОТИПИТЕ КАКО УНИКАТНО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ВОЗИЛО ШТО ОДИ НАСЕКАДЕ

ЦВРСТ, ИЗДРЖЛИВ И ТРАЕН
Во 1990 година возилото е преимунувано во Defender и продолжува да ја изразува легендарната способност на Land Rover. Со својата издрлива алуминиумска каросерија и зајакнатата конструкција, Defender е создаден да трае.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ОД ЕДНА ЛИНИЈА ВО ПЕСОКОТ ДО ИКОНА НА ДЕНЕШНИЦАТА
За да се прослават повеќе од шест децении работа, шест Land Rover-и, што влечат верижни брани (земјоделска опрема), создадоа силуета со ширина 1km на песокот во заливот Red Wharf, Енглси (Anglesey), Обединетото Кралство - каде што легендата е родена.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ВОЗЕЊЕ СО LAND ROVER EXPERIENCE
Имате можност да седнете зад воланот на Land Rover и да тргнете на едно возбудливо теренско возење. Самите тестирајте ја способноста на Land Rover што е водечка во класата и развијте ги вашите вештини за возење со стручна обука преку предизвикувачки терен.
ПРОНАЈДЕТЕ ГО ЦЕНТАРОТ ШТО Е НАЈБЛИСКУ ДО ВАС
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ

2 ЗА ОТКРИВАЊЕ

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА БОЈА
Поставено: 21-10-2015

Палетата со бои на Land Rover сега нуди безброј опции, вклучувајќи ги и боите по нарачка.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
МОДЕРНИЗАМ: ОДНОВО ДИЗАЈНИРАН СВЕТ
Поставено: 21-10-2015

Модернизмот е оптимизам и прогрес. Се работи за игнорирање на како нешто „би требало“ да изгледа во корист на како тоа делува на луѓето. Го водиме Range Rover во центарот на модернизмот, Палм Спрингс, да ги сретне креаторите што сè уште наоѓаат инспирација во најважната дизајн филозофија на 20-тиот век.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЛОНДОН ЈА СЛАВИ АВТОМОБИЛСКАТА ИКОНА
Поставено: 21-10-2015

Единствениот „Defender 2.000.000“ треба да се продаде на аукција во аукциската куќа Bonhams во Обединетото Кралство, а средствата ќе одат во фондацијата Born Free и Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ